Ви го претставуваме карминот „ Lipstick Supreme “ од SEVENTEEN кој со својата палета од бои ќе внесе топлина во вашата есенска шминка.
Lipstick Supreme од SEVENTEEN е кармин кој ќе донесе сосема нова димензија во вашиот изглед. Станува збор за кармин со прекрасна текстура, оптимален и кул за секоја пригода. Ги омекнува и заштитува усните, особено во студениот период од годината и дава неописливо убав природен изглед. Неговата тајна се крие во формулата која е збогатена со соини протеини за екстра хидратација и сончеви филтри за заштита од сончевите зраци. Се одликува со долготраен ефект со широк спектар на бои во мат и бисерни нијанси.
К А К О И З Г Л Е Д А
Ново елегантно пакување со friendly цена!
К Л У Ч Н И С О С Т О Ј К И
Протеини од соја кои го одржуваат природното ниво на влага на усните+ сончеви филтри за заштита од штетните влијанија на сонцето.
З О Ш Т О Г О С А К А М Е
Кармин кој ги штити усните, ги омекнува и им дава долготраен природен изглед истовремено нудејќи им единствена нега и супериорна покриеност.