Суперхикс претставија винил – еве како беше на промоцијата (Фото)
Албумот е сниман и миксуван во студиото Тра ла ла на продуцентот Мите Димовски, а винилното издание е во ограничен тираж од 200 примероци.

На 28 мај во просториите на барот „Глуво куче” во Скопје, се случи слушачка промоција на винилот за последниот албум на групата Суперхикс насловен „Сила и нервоза”.

На промоција беа присутни бројни фанови на бендот, пријатели и новинари.




Ова е второ винилно издание на Суперхикс по она од 2107-тата година за „Андерграунд евергринс”, а е во издание на Корпус деликти и Кичма рекордс. Може да се најде на неколку локации.
Албумот е сниман и миксуван во студиото Тра ла ла на продуцентот Мите Димовски, а винилното издание е во ограничен тираж од 200 примероци.
По промоцијата бендот заминува на кратка летна турнеја која започнува оваа сабота со настап во Виница по која следуваат и датуми во Бугарија, Дојран и други.
Бендот оваа година прослави 31 година активна работа.