Реклама
Нега и здравје

SUPERFOOD: Намирница која што ја обожаваат најпознатите модели на денешницата

Реклама

Постојат многу намирници кои важат за суперхрана, па и кога би сакале да ви ги преставиме сите, тоа би било речиси невозможно.

Но, сепак, една супернамирница оваа зима заслужува посебно внимание, а тоа е зелената алга која има супер моќ и која се вика хлорела.

Маркетинг

Станува збор за супер намирница која преку ноќ стана мошне популарна меѓу познатите светски ѕвезди и тоа посебно меѓу манекенките како Миранда Кер и Роси Ханингтон-Вајлти. Токму австралиската манекенка неодамна во едно интервју избави дека дневно пие барем едно смути од хлорела која е полна со витамин Ц и пробиотици. Нејзината колешка пак, Роузи исто така обожава зелено смути од хлорела кое покрај зелената алга содржи и кељ, краставици и коријандер.

Маркетинг

Хлорела е едноставна алга во зелена боја која се користи како прехранбен додаток на храната, бидејќи поседува неверојатни нутритивни вредности. Таа е богата со протеини, бидејќи во исушен облик поседува повеќе од 45 % белковини. Таа е и квалитетен извор на аминокиселини, магнезиум, калциум и железо. Богата е со влакна, како и со витамините Е и Б и омега 3 киселините. Таа е исто така е еден од клучните состојки во cold-pressed пијалаците кој што ги обожаваат хипстерите.

Според многу студии откриено е дека хлорелата помага и за намалување на шеќерот во крвта, како и на холестеролот и за потполна детоксикација на организмот. Покрај тоа оваа зелена алга го подобрува и имунитетот и помага да при решавање на проблемите со варењето. Со еден збор – СУПЕРХРАНА која морате да ја внесете на вашето мени!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button