Пролетта полека почна да се покажува во вистинското светло, што значи дека полека треба да почнеме да ги носиме и новите трендови.
Од фустани во весели пролетни бои, па се до парчињата кои се инспирирани од 70-тите години од минатиот век, оваа пролет дефинитивно ќе биде исполнета со многу интересни моменти. Нам, секако, меѓу омилените парчиња кои се вистински хит за оваа сезона се парчињата направени од џинс, па доколку сте љубителка на тексасните јакни или фустани, погледнете како тоа го прават овие дами кои во нив изгледаат заводливо и секси.
Сексапилната Емили Ратајковски носи тексас со тексас, тренд кој задолжително треба да го пробате оваа сезона. Доколку пак сакате да го пробате во некоја поскромна варијанта, тогаш обидете се со некоја тексасна кошула и фармерки или здолниште со средна должина.
Оливија Мун пак ни покажа колку тоа може да изгледа секси, особено ако кошулата ја откопчаме малце и ја носиме со долги фармерки кои ќе ги подигнеме и подвиткаме до над зглобовите.
А доколку сакате да бидете во центарот на вниманието тогаш оваа комбинација дефинитивно е нешто што би требало да го пробате. Секси чизми до над колена во комбинација со тексасни парчиња, ах, колку тоа добро звучи!
Погледнете ги и другите познати девојки и почнете уште сега да размислувате за вашите следни комбинации со овие парчиња. Доколку пак, сакате да ги видите најубавите тексас јакни кои можат да се најдат во продавниците во Македонија, кликнете тука.