Можеби вкусот нема да ви се допадне, но од овој пијалак се губат килограми и брзо ќе ослабите!
Прво ќе ги претставиме состојките и начинот на кој се прави пијалакот за слабеење, а потоа ќе објасниме зошто тој делува како што делува и дава одлични резултати.
Состојки
– Една лажица јаболков оцет
– Малку лута, мелена пиперка
– Сок и кора од еден лимон
Изрендајте ја кората од лимонот и прелијте ја со 240 мл врела вода. По 10 минути додадете го сокот од лимонот, јаболковиот оцет и мелената пиперка. Промешајте пред секоја голтка и пијте пред и по секој оброк.
Зошто овој пијалак е толку добар?
Црвениот пипер помага во варењето на храната, го забрзува метаболизмот и го стимулира согорувањето на мастите. Тој содржи капсаицин кој го стимулира нервниот систем да произведува топлина во организмот, која пак поттикнува забрзано трошење на калории.
Лимонот содржи соединенија кои го забавуваат таложењето на мастите, а неговата кора содржи поликосанол, соединение кое го потпомага согорувањето на наталожените масти.
Редовното консумирање на јаболков оцет во умерени количини помага во растворањето на мастите во организмот.