Реклама
Блогерија

Овие две Македонки едноставно изгледаат совршено!

Реклама

Погледнете го ова совршено издание на Даниела и Александра од FashionLab DNA.

На првата ревијална вечер од овогодинешниот Моден викенд Скопје дебитираше младиот моден креатор Игор Марков. Во публиката можеа да се видат многу лица од светот на модата кои со интерес ја проследија ревијата. Присутни беа и многу од модните блогерки од Македонија, кои се истакнаа со изборот на гардеробата, секоја во својот препознатлив стил, а нам овој пат најмногу ни се допаднаа комбинациите на Даниела и Александра кои стојат зад модниот блог FashionLab DNA.

Маркетинг

Дани за оваа пригода реши да облече шик панталони со висок струк во сива боја кои ги носеше во комбинација со откачено сако во светло сина боја, винтиџ кошула, металик високи потпетици и чанта во розова боја, а целата комбинација беше заокружена со елегантна шминка и залижана коса. За разлика од неа, Александра избра жолти панталони, елегантни црни салонки и интересна блуза на преклоп со геометриски дезен, врзана со сатенска лента околу половината.

Маркетинг

Фантастичен стајлинг кој навистина ја освежи првата вечер од Модната недела во Скопје, но од овие две девојки  кои секогаш ризикуваат со боите, принтови и материјалите, ништо помалку и не очекувавме!

Фото: FWSK | Ани и Дими
Instagram (@dani_fashiondna)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button