Реклама
Шминка

Тренди фризура со која ќе изгледате како девојка од модните писти!

Реклама

Дали сте расположени за фризура која можете да ја направите за многу кратко време и со која ќе изгледате како девојка од модните писти?

Според најпознатите гуруа кога се трендовите за коса во прашање, несредените коњски опавчиња дефинитивно се еден од најголемите трендови за оваа сезона. Станува збор за фризура која ја носат најпознатите ИТ девојки во светот, но и манекенките на најпознатите модни ревии за оваа сезона. Покрај тоа несредената коњска опашка можете многу лесно и сами да ја направите, па затоа доколку се уште не сте ја пробале, крајно време е да го направите тоа. Без разлика дали одите на некоја забава, излегувате во град или пак, едноставно, само сакате да се прошетате, да разгледате што има ново низ излозите, и притоа убаво да изгледате. Но, не заборавајте дека за да ја направите оваа фризура косата мора да ви биде релативно чиста. Пречистата коса може да ви се лизга под прстите па затоа најдобро е да ја испрскате со шампон за суво миење како би и додале малку природна текстура. Од друга страна пак, косата не треба да биде ниту совршено исфенирана ниту пак испеглана. Изберете неколку прамени и направете благи бранови со фигаро, а потоа лесно размрсете ја косата со прстите и додадете и малку волумен така што ќе ја испрскате со спреј за волуменизирање. Потоа се што треба да направите е да ја врзете со ластиче во вашата омилена боја и да ја изберете вистинската комбинација со која ќе ја носите оваа шик фризура. Едноставно, нели?

Маркетинг

Наша препорака: Ако сакате здрава, убава и негувана фарбана коса, ви ги препорачуваме производите од линијата Exotic Oil на Lorvenn Paris инспирирани од скапоцените карактеристики на аргановото масло. Овие прозиводи сега можете да ги порачате и онлајн од нашата онлајн продавница Trgovski.mk и истите ќе ви бидат испорачани на домашна адреса по супер цена.

Маркетинг

Па, дали сте расположени за шопинг?

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button