Супер диета со која можете да изгубите многу килограми за многу кратко време.
Диетата со чорба од зелка е една од најпознатите рестриктивни диети со кои се губат многу килограми за кратко време. Диетата се базира на чорба од зелка, која може да се јаде во неограничени количини, секогаш кога ќе почувствувате глад. Покрај зелка, чорбата содржи и друг нискокалоричен зеленчук богат со растителни влакна. Тајната е во тоа што чорбата дава чуство на полн стомак, додека всушност внесувате мал број на калории.
Во текот на диетата не се пие алкохол. Можете да пиете само вода, чаеви без шеќер, црно кафе, овошни сокови без шеќер и млеко без маснотии. Ако почувствувате потреба за нешто слатко, можете да изедете една лажица мед.
Доколку правилно ја следите диетата до крајот на 7 ден ќе изгубите од два до четири килограми. Диетата може да се држи 4 недели, а потоа се прави пауза од една недела. За време на пазуата не смеете да се прејадувате. Последниот оброк треба да го изедете најдоцна во 18 часот. Доколку имате дијабетес или покачен крвен притисок, консултирајте се со доктор пред да ја започнете оваа диета.
Предности и мани на диетата со зелка
Доколку јадете чорба од зелка нема да имате проблем со цревата, како и со внесување на минерли и витамини, бидејќи зеленчукот е богат со нив, а содржи малку калории. Но, пред да почнете каква било диета, најдобро е прво да се посоветувате со вашиот доктор.
Еве што мислат нутриционистите за оваа диета:
По завршувањето на оваа диета може да се случи да дојде до јојо ефект. Бидејќи диетата е прилично еднолична и не содржи класични оброци и не им се знае бројот на оброците, може да се случи по прекинување на диетата многу брзо да се вратиме на старите навики, а со тоа да ги вратиме килограмите и да добиеме успорен метаболизам.
Токму затоа можеби е најдобро да ја пробате оваа диета една недела, а потоа, откако ќе ги видите ефектите од неа, а и ќе се посоветувате со вашиот доктор, да одлучите дали треба да продолжите со неа.
Чорба од зелка
За чорбата од зелка се потребни: една средна зелка, пет чешниња лук, две пиперки, еден помал корен од целер со листови, два домати, коцка од пилешка супа и околу литар вода. Зеленчукот треба ситно да се исецка, да се стави во садот, да се зачини. Се додава водата, се поклопува и се вари околу 45 минути. Доколку не ви се допаѓа вкусот, на крајот моѓе да додадете малку сол или растителен зачин или малку лута пиперка.
Сите денови можете да јадете чорба од зелка во неограничени количини, односно колку и кога сакате. Освен чорбата од зелка во текот на седумте дена се јаде и следново:
Прв ден
Секакво овошје освен банани, чаеви без шеќер, свежи сокови и вода.
Втор ден
Свеж или варен зеленчук (секаков вид освен боранија, грашок и пченка), а за вечера еден голем печен компир со путер. Овошјето е забрането вториот ден.
Трет ден
Секакво овошје и зеленчук, свеж или варен.
Четврт ден
Три банани и неограничени количини на млеко со ниска масленост или јогурт.
Пети ден
Најмногу до шест средно големи домати. Треба да се испијат и најмалку 8 чаши вода за да се прочисти организмот од отровите.
Шести ден
Половина килограм варено или печено телешко, или говедско, или пилешко без кожичка или риба и неограничени количини на зеленчук.
Седми ден
Интегрален ориз и зеленчук, незасладени сокови и вода.