Турската актерка Мерјем Узерли, повторно ги изненади своите фанови кога на Твитер објави фотографија на која таа е русокоса и со афро фризура.
Русокоса
{JFBCLike url=http://www.stipka.com.mk/moderna/beauty/9148-sultankata-hurem-rusokosa?slika=1 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Откако таа пред само неколку дена објави фотографија на која е со црна коса, таа вчера повторно ја извести јавноста за нејзината драстична промена. Овој пат султанката го додаде и тоа дека ослабела и дека Султанот ќе биде маѓепсан со нејзиниот нов изглед.
Црнка
{JFBCLike url=http://www.stipka.com.mk/moderna/beauty/9148-sultankata-hurem-rusokosa?slika=1 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Но, поради обврските околу снимањето на новите епизоди, сигурно дека оваа откачена русокоса фризура Хурем не би можела да ја задржи уште долго време. Таа меѓу другото мораше да се стави и на ригорозна диета и само са месец дена да ослаби повеќе од 10 килограми.
„Диетата беше успешна и јас го тргнав вишокот килограми. Сулјеман ќе биде маѓепсан од мојот изглед – се пофали таа на Твитер.
Инаку, ова се случува токму во деновите кога онлајн шопинг магазинот Штипка во соработка со Академија и фризуерско студио Авангард, ја објави наградата „Бесплатно бојадисување на косата како на Хурем“, (кликнете тука и разгледајте подетално за што станува збор), па да не дојде до некоја забуни за каква боја на коса мислевме, еве мало појаснување:
Со црвена коса…
{JFBCLike url=http://www.stipka.com.mk/moderna/beauty/9148-sultankata-hurem-rusokosa?slika=1 layout=button_count show_faces=true width=50 action=like font=verdana colorscheme=light}
Наградата се однесува до нејзината црвена коса, но бидејќи станува збор за специфична боја и нијанса, побаравме од оние што сакаат да учествуваат во наградната игра да ни испратат и фотографија. Според фотографиите, ќе се обидеме да избереме девојка која би можела без потешкотии да ја добие таа нијанса (за мало упатство прочитајте го текстот „Дали ќе ви стои црвена коса?“ ). Сепак тоа ќе биде одлучено на самото место, заедно со среќната добитничка, кога таа ќе биде во рацете на професионалните фризери од студио Авангард. :)
Па.. како најмногу ви се допаѓа султанката?