Хороскоп

Судбоносни пресврти од 26 до 28 септември – едни ќе се избезумат од среќа и пари, други горко ќе плачат

Емоции ќе „пукаат“ овој викенд, некои ќе се чувствуваат како да се на работ од провалија, а други ќе доживеат љубовни откритија или вистини што повеќе не можат да се кријат.

Advertisement

Овој викенд, од 26 до 28 септември, носи набиени енергии и моменти што нема да остават никого рамнодушен.

Планетарните аспекти отвораат врата кон драматични пресврти, од љубовни до семејни и до професионални.

Advertisement

Месечината во Скорпија прво ќе нè натера да нурнеме во најдлабоките слоеви на нашата душа, да се соочиме со темнината што ја криеме дури и од самите себеси. Потоа, нејзиниот премин во Стрелец ќе донесе експлозија на вистини – искрени признанија, судбоносни средби и неочекувани одлуки.

Венера во Девица ги става под лупа нашите емотивни вредности: кого сакаме, што бараме и зошто сè уште се држиме до илузии што одамна требаше да се урнат.

Марс во Близнаци пак ќе поттикне зборови што ќе не прободат како нож, но ќе бидат неопходни за расчистување на конкретни ситуации во кои сме заглавени. Се ова го прави периодот од 26 до 28 септември сцена на интензивни судири, но и можности за прочистување и нов почеток.

Advertisement
пекселс

Некои хороскопски знаци ќе почувствуваат дека им се исполнуваат соништа, додека други ќе се најдат пред тестови што ќе ја покажат нивната вистинска сила.

Знаци што ќе блеснат и ќе скокаат од среќа

Лав

Вашето време доаѓа. Ѕвездите ви носат светлина и признание. Можно е долгоочекувана понуда, пофалба или љубовно изненадување што ќе ја врати вашата вера во себе и во љубовта.

Ќе добиете внимание од сите страни и ќе се чувствувате непобедливо. Овој викенд за вас е сцена на која конечно го играте главниот лик, и тоа со громогласен аплауз.

Стрелец

Сè што ќе допрете овие денови ќе се претвори во авантура. Со Месечината во вашиот знак, се отвораат врати кон нови можности. Може да се појави љубов како од филм или шанса за патување што ќе го промени вашиот поглед на светот.

Ќе бидете преполни со енергија, оптимизам и желба за живот. Конечно ќе здивнете од сите проблеми, а судбината ќе ви се насмевне.

Бик

За вас, викендот носи стабилност и хармонија каква одамна посакувавте. Љубовта ќе биде во центарот, со можност за важен разговор или гест од партнерот што ќе ви ја стопли душата.

Финансиски, се отвора нова прилика што може да донесе сигурност. Ќе почувствувате како тежината од рамената полека се симнува. Ѕвездите ви даваат шанса за вистинска радост!

пекселс

Знаци што ќе бидат под силен емоционален притисок

Рак

Месечината ќе ви отвори врати кон болни вистини што одамна ги потиснувате. Можно е да биде откриена некоја семејна тајна или да се соочите со љубовно признание што ќе ве потресе.

Ќе почувствувате како светот ви се руши, но тоа е неопходен процес на прочистување. Иако ќе биде тешко, викендот ќе ви донесе сила да се соочите со она што веќе не може да остане скриено.

Вага

Овој викенд ќе се чувствувате како да стоите во центарот на бура. Ќе сакате мир и хармонија, но Марс ќе ве турка кон конфликти, особено во љубовта. Ќе бидете распнати меѓу тоа што другите го бараат од вас и вашите вистински желби.

Ќе морате да кажете нешто за што одамна молчите, иако тоа ќе предизвика потреси. Драмата е неминовна, но по неа ќе дојде ослободување.

Риби

Вашата интуиција ќе ви каже сè што треба да знаете, но срцето ќе се бунтува против вистината. Можно е разочарување од близок човек или крај на илузија во која сте верувале.

Викендот ќе биде психолошки тежок, но токму преку тој процес ќе се роди нова верзија од вас – посилна, похрабра и послободна личност. Ѕвездите ве тераат да се разбудите, дури и ако тоа боли!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button