„Оваа фотелја е идеална за сите гејмери и слушатели на добра музика. Дизајнирана е од страна на дизајнерот Ѓорѓе Паликуќа од село Пепелиште, кој моментално работи во Виница Беее!“
Седите на неа и уживате во работата на двата буфера кои се наоѓаат веднаш под вашите нозе и преостанатите 4 среднотонци поставени на идеално место до вашето увце. Ѓорѓе за неа вели:
Кога седите на неа се чувствувате како да сте јавнале разбеснат бик на сред полјана! А мене ми е најдобро кога ќе ја изнесам тука, во атарот на селото и кога сите ќе се соберат околу мене, па дури и девојките од соседното село! Тогаш тие спонтано почнуваат да скокаат, а јас само си седам, ги гледам и уживам во стиховите на Аца Лукас! – што сакаше да каже, секако дека не го разбираме, но верувајте тој не е вистинскиот дизајнер на оваа фотелја. Идејата ја има украдено од John Greg Ball и од неговaта Subsonic фотелја. Погледнете!
За останати текстови, кликни тука!