БизнисВести

Студентите на своите сметки ќе добијат 15.300 денари

Advertisement

„Денеска е објавен јавниот повик и ги повикувам сите студенти да аплицираат, мислам дека се 55.000 на број.

Тоа што го ветуваме тоа и го исполнуваме, 15.300 денари добива секој студент за набавка на електронски уред“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање.

Advertisement

Премиерот Мицкоски истакна дека чекале изборите официјално да завршат за да можат да го објават повикот за аплицирање, за кој што рече трае до први јануари 2026 година.

„Не сакаме како многу влади кои што во минатото правеа, тоа да го правиме пред изборите за да не биде сфатено како неетичко однесување од страна на Владата, затоа почекавме изборите да завршат официјално со одлука на ДИК. Така што ги повикувам студентите да се пријават на овој јавен повик кој е отворен до први јануари 2026 година“, порача Мицкоски.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button