Рецепти

Струшки леден десерт со вкус на кафе – не се пече и не ви треба брашно, се топи во уста

Пробајте го и никогаш нема да се откажете од него, без разлика на годишното време.

Advertisement

Овој леден десерт со вкус на кафе е освежувачко слатко залче за топлите денови и многу лесен за подготовка.

Не се пече и не се користи брашно, што го прави идеален за брзо и едноставно уживање.

Advertisement

Потребни состојки:

12 двопека

За натопување на двопекот:

Advertisement

240 мл млеко

1 кафена лажичка шеќер

1 кафена лажичка инстант кафе

За кремот:

2 лажици млеко

1 кафена лажичка инстант кафе

1 кафена лажичка какао прашок

240 мл слатка павлака

2 лажици шеќер во прав

За декорација: чоколаден пудинг или топено чоколадо за прелив

принтскрин јутјуб

Начин на подготовка:

Во сад ставете 240 мл млеко, додадете шеќер и инстант кафе, промешајте и зовријте, потоа тргнете на страна.

Во друг сад измешајте 2 лажици млеко, инстант кафе и какао прашок. Во трет сад матете слатка павлака со миксер до добивање на шлаг, па додадете ја смесата со кафе и какао, како и шеќерот во прав, и повторно матете.

Половина од двопекот искршете ги по потреба и натопете ги во загреаната мешавина од млеко и кафе. Наредете ги во стаклен сад, преку нив нанесете дел од кремот. Постапката повторете ја уште еднаш, така што слојот со двопекот да биде прекриен со крем.

Одозгора прелијте со чоколаден прелив (топено чоколадо или пудинг од чоколада). Со стопената чоколада може и да украсите со шари со чачкалица. Ставете во фрижидер да отстои околу еден час. Потоа, десертот е подготвен за сервирање и уживање.

принтскрин јутјуб

Овој десерт е совршена комбинација на леснотија и вкус, идеален за освежување во летните денови.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button