NEWSВестиНовости

Струмички затвор станува училиште за автомеханичари и монтери

Advertisement

Десетина осудени лица кои издржуваат казна затвор во Казнено поправнaта установа во Струмица се вклучија во процесот на дооформување на своето средно образование. Целиот процес се реализира преку ДСУ ,,Никола Карев“ од Струмица кое од пред некоја година стана регионален центар за средно стручно образование. Професори од оваа училиште во изминатиот период имаа консултации и предавања на осудените лица за општите предмети од тригодишно стручно образование. Носеа матријали и им укажуваа на што да обрнат внимание по македонски, математика и странски јазик бидејки тоа беа првите предемти за кои полагаа писмено.

,,Наша цел е луѓето кои се на издржување казна затвор овде рационално да го искористат времето односно да се стекнат со нови работни вештини и образование. Адаптиравме училница овде во затворот каде осудените лица ќе учат и ќе полагаат. Со овој процес осудените лица ќе имат формално средно образование за да бидат поконкурентни на пазарот на трудот а со тоа ќе се намали и рецивидизмот во земјава,, објасни Зоран Ристов директор на КПУ Затвор Струмица.

Advertisement

Меѓу пријавените кои почна да учи средно е и Димитар. Тој се одлучил да стекне средно од машинската струка образовен профил Аавтомеханичар. Го поздрави овој чекор бидејки во затворот ќе престојува подолг период и планира освен да учи и преку работна пракса да стекне вештини.

,,Искрено го поздравуам овој проект и се надевам дека ќе стекнам некакво искуство. Средно имам одено само два месеци, но поради одредени околности тргнав по некои други патишта. Сега се запишав за автомеханичар и сметам дека ќе ми користи бидјеки планирам кога да излезам од овде да бидам шофер за да знам да поправам одредени дефекти“, кажа Димитар.

Извор Дрнка.Мк

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button