БизнисДијаспора

Конечно убави вести за нашите во Германија – струјата поевтинува, во 2026 сметките ќе бидат помали

Ова поевтинување на цените за електричната енергија во Германија е резултат на владините субвенции

Advertisement

Федералниот придонес во мрежните трошоци веќе го покажува својот ефект, пишуваат германските медиуми.

Како што пренесуваат германските медиуми, од 2026 година, цената на електричната енергија во Германија треба да падне – но гасот ќе стане поскап. Сепак, останува прашањето до кој степен оваа промена всушност ќе се почувствува во буџетите на домаќинствата.

Advertisement

Но ова поевтинување на цените за електричната енергија во Германија е резултат на владините субвенции.

Имено, според анализата на платформата Verivox, просечните трошоци за електрична енергија за германските домаќинства ќе се намалат некаде за околу 16 проценти во текот на следната година.

Ова се должи на федералната субвенција од 6,5 милијарди евра за трошоци за пренос на електрична енергија, која доаѓа од Фондот за клима и трансформација (KTF).

Advertisement

Но влијанието на оваа мерка врз индивидуалните сметки на домаќинствата ќе варира од регион до регион.

Фото: Фрипик

Каде ќе поевтини струјата најмногу

Па така за домаќинство кое троши 4.000 киловат-часови (kWh) годишно, цената на мрежната такса треба да се намали од 430 евра на 367 евра. Домаќинствата во Берлин, Бранденбург и Мекленбург-Западна Померанија ќе заштедат најмногу, каде што цените ќе се намалат за повеќе од 20 проценти, додека најмалите заштеди ќе бидат во Бремен – само околу 8 проценти, пишува хрватскиот Феникс-магазин. .

„Помеѓу 2020 и 2025 година, мрежните трошоци за електрична енергија се зголемија за речиси 47%. Затоа, оваа одлука е позитивен чекор за домаќинствата. Но, колку ова всушност ќе им помогне на граѓаните зависи од добавувачите – бидејќи тие не се законски обврзани да го пренесат намалувањето на цената.“ вели Торстен Шторк, експерт за енергетика во Verivox.

Гасот повторно ќе поскапи

За разлика од електричната енергија, гасот ќе стане поскап во 2026 година во просек за нешто повеќе од 10 %..

Според платформата „Verivox“, мрежните такси за гас ќе се зголемат некаде во просек за 11 проценти, што значи околу 61 евро повеќе годишно за домаќинство кое троши 20.000 kWh. Најголемото зголемување се очекува во регионите Сарланд, Тирингија и Шлезвиг-Холштајн, каде што потрошувачите ќе платат над 100 евра повеќе отколку оваа година.

Зошто цената на гасот расте?

Од една страна високите цени на гасот, благите зими, но и слабата економска активност во Германија доведоа до намалување на потрошувачката, па истовремено сето ова влијае на трошоците за одржување на мрежата кои сега се распределуваат на помал број потрошени киловат часови.

Од друга страна на операторите на мрежата им е дозволено побрзо да ги амортизираат инвестициите што ги прават како подготовка за евентуално идно затворање на делови од гасната мрежа – што исто така ги зголемува трошоците кај крајните корисници на гасот.

Надоместокот за складирање на гас ќе биде укинат

Од 1 јануари 2026 година, ќе биде укинат надоместокот за складирање на гас, што би можело да го ублажи зголемувањето на цените.

Сепак, како и со електричната енергија, операторите на мрежата не се обврзани да ги пренесат намалувањата на трошоците на потрошувачите.

Со други зборови: електричната енергија би можела да стане поевтина, но поскапиот гас ќе потроши дел од тие заштеди.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button