Улогата на родител е толку убава, но истовремено бара голема одговорност и е комплицирана. Откријте какви родители се Овните и Девиците и што може да се очекува од нив.
Овен
Како родители, Овните се строги, но и привлечни. Генерално гледано, тие напорно делуваат кон детето, но често се во право. Тие од своето дете бараат да биде упорно, за да постигне што подобри резултати. Понекогаш тие престрого ги воспитуваат децата. Родителите во знакот Овен не смеат премногу да се нервираат, да не претеруваат во барањата од своите деца, затоа што нивните амбици не секогаш соодветствуваат со амбициите на детето. Тие би требало да бидат малку повнимателни, ако сакаат да бидат совршени родители.
Девица
Девиците се многу комплицирани како родители. Кај нив сите работи мора да бидат совршени, а нивното дете е непогрешливо и најдобро. Доколку детето не стане онакво какви што тие очекуваат, тогаш тие ќе се прашуваат какви родители се. Доколку сте Девица, не притискајте го премногу своето дете да учи и да работи.