Група истражувачи од Универзитетот Јејл го проучувале односот помеѓу стресните случувања и промената на тежината кај луѓето и докажале дека стресот и анксиозноста го поттикнуваат човечкото тело непрекинато да се дебелее.
Стресот може да донесе дополнителни калории секој ден, што во пракса би значело дека има ист ефект како да сте изеле дупли хамбургер. Ова истражување открило дека епизодите на стрес предизвикуваат пораст на нивото на кортизол. Освен тоа, стресот предизвикува чувство на глад, што доведува до прејадување. Личноста која е под стрес не е само анксиозна, туку и постојано се дебелеее.
Според друга студија, пак, кај жените кои се под стрес и кои консумираат висококалорична масна храна, килограмите и маснотиите обично им се таложат околу струкот. Стресот и висококалоричната храна го забавуваат метаболизмот и придонесуваат за поголемо складирање на мастите. Истражувањата покажалед ека жените кои биле под стрес согориле 104 калории помалку од оние кои не се соочувале со стресни ситуации.