Стрелците претпочитаат морал, мудрост и високо образование.
Иако секогаш се залагаат за божествена инспирација, тие имаат сериозна страст за „земните задоволства“. Затоа, не е ни чудо што честопати се поделуваат на две насоки!
Тие имаат слободен дух и се вистински патници кои се чувствуваат удобно на нивниот пат. Иако не сакаат да се приврзуваат, тие имаат потреба од сродна душа со која ќе го истражуваат светот. Имаат голема желба за живот и нивните партнери мора да ја делат истата особина. Наоѓањето некој кој може да чекори исто со нив кон нови авантури и истражувања, не е лесна задача. Поради оваа причина, многу Стрелци може да бидат сингл подолг период од животот.
На кого месец мај ќе му донесе доминација, а на кој жртвување за љубовта?>>>
Како страстен огнен знак, тие се впуштаат во сѐ со сета нивна сила. Одржувањето на тоа темпо е речиси невозможно. Стрелците честопати сонуваат и секогаш создаваат големи проекти. Тие се управувани од Јупитер (најголемата планета во соларниот систем) и многу размислуваат за сѐ. Потребен им е партнер со доволно визија за да ги охрабри, но сепак некој кој чекори по земјата и е доволно паметен за да сфати кога работите стануваат потешки. Стрелецот е знак на ловец и овие личности ги возбудува потерата. Не се плашат да се фалат за нивните достигнувања, а со нивната искреност и добра смисла за хумор, ретко имаат непријатели. Напротив, може да имаат многу бивши кои ги претвориле во блиски пријатели.
Како оптимистички знак во зодијакот, Стрелците секогаш го гледаат потенцијалот во својот брачен другар. Тие се познати како многу дарежливи и со задоволство ќе ги споделат своите финансии за да им помогнат на своите партнери да напредуваат. Доколку не се внимателни, розовиот поглед кон светот може да им предизвика непријатни емоции.
За Стрелците љубовта е слепа, но страста е повеќе.