Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Стрелец – најпозитивниот знак кој љубовта што му ја давате ќе ви ја врати во ДЕСЕТ ПАТИ поголема количина

Реклама

Дајте им лимони – тие ќе ви вратат лимонада и притоа долг ред од луѓе кои чекаат да купат по една чаша од таа лимонада. Тие знаат како да ги привлечат луѓето со своите позитивни вибрации и како да направат нешто обично да изгледа совршено.

Стрелецот сонува големи соништа. Јупитер, најголемата планета, е нивен планетарен најдобар пријател. Едноставно нема ништо што може да ја запре нивната имагинација. Стрелците може да видат можност таму каде што другите не се ни надеваат. Без оглед на тоа колку е мрачна ситуацијата, вистинскиот Стрелец може да измисли секакви можни сценарија со цел ситуацијата да се сврти кон подобро.

Маркетинг

Некои од останатите хороскопски знаци може да кажат дека Стрелците имаат недостижни идеи. Но, без оглед на тоа, Стрелците и онака ќе живеат по свое. Овие личности не се грижат зза тоа што мислат другите, туку кога ќе видат нешто што ги инспирира, тие во тоа се впуштаат со целиот ум, тело и дух.

Кога работите ќе станат досадни, Стрелците едноставно заминуваат. Тие мразат повторување и рутина.

Ако некогаш заглават на место каде што не можат да ја променат играта, тогаш нивниот оптимизам и нивниот дух почнуваат да стивнуваат. Слободата е она што му е навистина потребно и никогаш не смее да се чувствува заробен во кафез. Тој е истражувач и потребно му е повеќе простор со цел да дише нормално.

Маркетинг

Кога станува збор за односите, Стрелецот е прилично сложен знак, посебно за оние кои бараат вечна врска. Тајната е дека обврзувањето може да биде навистина тешка мисија за Стрелците. Но, тоа не ззначи дека не може да го направи ова, туку само му е потребно повеќе простор со цел да се вклопи во тој простор.

Но, кога Стрелецот ќе се заљуби и ќе има до себе личност која умее да го слуша и која верува во него, тој тогаш ќе се чувствува целосно. Дајте му можност неговиот дух да лета и ќе ја почувствувате неговата љубов која ќе ви се врати во ДЕСЕТ ПАТИ поголема количина!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button