Стрелците се забавни, отворени, вечни оптимисти, љубопитни, сакаат авантури, патувања и интелектуални предизвици. Секогаш уживаат во новите нешта и постојано се во потрага по смислата на животот.
За нив е карактеристично тоа што сте спонтани, секогаш се интересни и го живеат својот живот онака како што сакаат. Ако сте во врска со Стрелец, не треба да ве изненади тоа ако еден ден ви каже: Спакувај ги куферите, одиме на одмор! Нема знак во Зодијакот кој има подобра смисла за хумор од Стрелците. Дури и ако ви раскажуваат некоја обична случка, овие личности ќе ве насмеат до солзи и ќе ве остават во добро расположение. По природа се доста љубопитни и имаат неограничена енергија. Не се личности кои пасивно ќе седат пред телевизорот, туку наместо тоа ќе отидат на патување за кое многумина само сонуваат. Ако Стрелецот е ваш пријател тогаш вие имате среќа, затоа што тие уживаат во авантурите кои ги изведуваат со своите пријатели. Ви треба сопатник? Без проблем јавете им се на Стрелците!
Стрелците се независни и ним најважна им е слободата. Верни се и дарежливи, а ако имате проблем, тие ќе ви го понудат својот мудар совет. Познати се по тоа што имаат широк спектар на интереси, а најчесто се многу образовани личности, затоа што учењето зазема голем дел од нивното секојдневие.
Имавте лош ден? Па, побарајте ги Стрелците и заборавете на тагата!