Стрелците се големи авантуристи. Освен тоа што се многу активтни, кога се во прашање нивните цели и планови, тие се оптимисти. Поради тоа тие многу сакаат да патуваат.
Повеќето Стрелци се со топло срце и се однесуваат љубезно кон другите. Ретко ќе наидете на Стрелец кој има негативно расположение насочено кон некоја личност, освен кога има доказ дека таа личност е за нешто виновна. Стрелците речиси никогаш не се арогантни и секогаш се отворени за нови предизвици и искуства. Таа нивна отвореност е нивна главна и најспецифична особина.
На Стрелците им одговара добро друштво и тоа му е потребно за да почувствува емотивна и ментална рамнотежа. Иако некогаш може да се чувствуваат осамено, Стрелците сакаат да бидат опкружени со дробро друштво и се способни да најдат пријатели кои ќе бидат тука за нив засекогаш.
Стрелците имаат ум кој секогаш е во потрага по вистината и нови сознанија. Никогаш не се задоволни со она што го знаат и што го научиле до сега, туку секогаш сакаат да знаат повеќе. Стрелците ќе прочитат се’ што може да се чита и многу време поминуваат со книгите. Иако се искрени, понекогаш може даваат коментари кои може да ги повредат другите, но тоа не е затоа што имаат лоша намера, туку затоа што се многу директни и отворени. Тие лесно формираат пријателства, па така лесно формираат и љубовни врски.
Понекогаш може да бидат внимателни и љубезни на почетокот, а подоцна да го променат своето расположение, кога работите ќе станат посериозни. Во љубовта генерално се огнени, но она што го бараат е да имаат одредена доза на слобода. Им треба личност која ќе биде во чекор со нивниот немирен дух.