Стравичен земјотрес во Мјанмар – драма „во живо“ во програма за време на земјотресот, луѓето се држат еден за друг (видео)
На социјалните мрежи кружат снимки од страшниот земјотрес, а една од нив е направена во студиото на една телевизија за време на снимање на емисија.

Разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала, кој утрово го потресе Мјанмар, ги затекна многу луѓе неподготвени и многу исплашени.
На социјалните мрежи кружат снимки, а една од нив е направена во студиото на една телевизија за време на снимање на емисија.
WATCH: Shaking felt at news studio following Myanmar earthquake.
Advertisement— AZ Intel (@AZ_Intel_) March 28, 2025
На снимката се гледа како луѓето седат и разговараат, а потоа настанува паника кога сè почнува да се тресе. Луѓето се во шок, исплашени се, а потоа почнуваат да се прегрнуваат и да се држат еден за друг.
Два разорни земјотреса утрово го погодија Мјанмар. Првиот земјотрес, со јачина од 7,7 степени според Рихтер, е регистриран 33 километри југозападно од Мандалеј, на длабочина од 10 километри. По 12 минути е регистриран вториот потрес, со јачина од 7,1 степени според Рихтер. Тој бил на длабочина од 35 километри, 45 километри јужно од Мандалеј.