MAMAКафе муабет

Еден ден страста ќе исчезне, важно е да остане почитта помеѓу нас

Advertisement

Љубовта не ја сочинуваат бакнежите, страсните ноќи, скапите подароци.

Advertisement

Љубовта е нешто повеќе од тоа. Таа е взаемна почит, разбирање и прифаќање на вистинските личности. Разбирање на маните кои понекогаш може „да ве полудуваат“, прифаќање на различноста, негување на почитта. Страста е минлива. Можеби ќе трае со години, но времето ќе ја намалува и еден ден ќе ја избрише. Затоа, не споредувајте ја со љубовта.

Љубовта е збор со длабоко значење. Љубовта е непроспиената ноќ поради дискутирањето за идните планови, љубовта е заедничкото испиено кафе наутро, љубовта е карањето поради банални секојдневни работи, кои завршуваат со компромис.

Љубовта е подареното внимание, грижа и нега. Почитта која ја пружите кон вашиот партнер е доказ за вашата големина. Скапите подароци ќе ја изгубат својата вредност, но добриот збор и добриот гест ќе останат засекогаш врежани во срцето.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button