BEAUTYФитнес

Страшна трагедија во Русија – Фитнес-инфлуенсер почина на 30 години, по опасен режим од 10.000 калории дневно

Advertisement

Рускиот фитнес-инфлуенсер Димитриј Нујанзин (30) трагично го загуби животот поради опасен предизвик што сам го осмислил — секојдневен внес од 10.000 калории со цел нагло да се здебели, а потоа за рекордно време повторно да ослабе. Намерата била да го промовира својот нов курс за слабеење, но експериментот заврши фатално.

Нујанзин, кого на социјалните мрежи го следеа повеќе од 43.000 луѓе, со недели консумираше огромни количини брза храна: пици, хамбургери, печива, колачи, чипс и други калорични оброци. Во видеата кои редовно ги објавуваше, тој објаснуваше дека планира да добие околу 25 килограми, за потоа пред камера да покаже како ќе ги симне.

Advertisement

„Ова е мојата диета од 10.000 калории“, зборуваше во едно од видеата, опишувајќи утрински плех печива и половина торта, ручек од речиси килограм кнедли со мајонез, постојани грицки и вечера со пици и хамбургери.

На следбениците им ветуваше „забавен заеднички процес на слабеење“, а дури нудеше и парична награда за оние со прекумерна тежина кои ќе успеат да симнат 10% од телесната маса до Нова година.

Но екстремниот режим брзо остави трагични последици. Според руските медиуми, Димитриј починал во сон – срцето престанало да работи поради огромниот стрес врз организмот. Ден пред смртта ги откажал тренинзите со клиентите и им признал на блиските дека се чувствува сè полошо и дека планира да побара лекарска помош.

Во текот на предизвикот, тежината му се зголемила од нешто над 92 килограми на 105 килограми. Во последната објава, снимал видео како јаде чипс, со натпис: „Сакав да успеам и успеав!“ — објава која денес изгледа застрашувачки.

Нујанзин бил дипломиран спортист од Оренбуршката школа за олимписки резерви и студент на Националниот фитнес-универзитет во Санкт Петербург. Погребан е во родниот Оренбург.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button