Стомакот ми е омилен дел од телото, отсекогаш ми е во добра форма, вели НИНА РЕД за ГЛАМУР.МК
Дали ѝ недостасува телевизијата и што прави сега?
Таа е една прекрасна млада дама која откако се појави на тв- екраните стана миленичка за многумина. Јавноста ја запозна како водителка на емисијата „Ексклузив“.
Нина Ред одмана ја нема на телевизија, но доколку сакате да ја следите, таа е прилично активна на социјалните мрежи, посебно на Инстаграм и на Тик-Ток.
Секси, атрактивна, впечатлива, посебна, оваа девојка е идол за многу млади девојчиња.
По професија е дипломиран новинар, а завршила и мастер студии по Медиуми и комуникации. За тоа што прави сега и дали и недостасува телевзизијата, за нејзините навики и ритуали, се обидовме да дознаеме и нешто за нејзината приватност…
Која беше причината за тоа да ја напуштите телевизијата и дали ви недостасува?
Па искрено да ви кажам, за да дојдам до таква одлука требало навистина нешто многу да се промени во мене. После толку снимања, дојде еден таков момент кога почувствував дека надраснав некои емисии и проекти, а со тек на време ми се потврди и самата мисла дека можеби всушност тоа не ни било за мене во прв план за да се изразам комплетно како креативен лик. Телевизијата не ми недостига како таква, колку самата екипа која работи зад екраните, а дали некогаш би се вратила, тоа е за размислување. Исклучиво ако станува збор за свој проект.
На кое направено интервју како новинар сте најповеќе горда?
Тоа беше едно навистина посебно искуство во мојот живот. Многу научив за луѓето и нивните животи, но и за себе како личност. Често го споменувам Ник Вујичиќ како лик кој остави силен впечаток кај мене, но тука листата не застанува. Ги има многу, а познавајќи се себеси и амбицијата која ја имам, кој знае до кого ќе стигнев ако продолжев со работата. Кога ќе зацртав дека на некој ќе му земам интервју, тоа се случуваше во 90% од случаите. Бев доста упорна ако нешто сакав.
Социјалните мрежи се дефинитивно вашата територија, вие сте една од ретко искрените јавни личности кои ги покажува и своите „маани“ со цел да помогне и да даде совет. Поради ваквиот пристап стекнавте многу следбеници, посебно женската популација која ви верува и ве слуша. Како ги балансирате реалноста и виртуелнит свет?
Сосема нормално, дури сега и многу едноставно. Веројатно тоа си доаѓа со годините. Не летам во облаци, имам одговорност пред публиката која ја следи содржината што ја објавувам и некако сум приземна. Барем така се доживувам, го гледам како работа и кога ќе завршат сите обврски, јас сум истата. Балансот би рекла дека го наоѓам во квалитетното време поминато со себе.
Кој е вашиот омилен дел од вашето тело?
Не сум размислувала на оваа тема, но ако треба нешто да истакнам.. Еве нескромно би рекла стомакот. Отсекогаш ми е во добра форма (се смее).
Зошто Нина Ред? Што се крие зад РЕД?
Ова е нешто што често ме прашуваат. Навистина некако си дојде спонтано кога креирав корисничко име на Инстаграм, тогаш омилена боја ми беше црвената, ми симболизираше многу работи и така остана. Луѓето потоа почнаа така да ми се обраќаат, да ме запишуваат во именик, па дури и така да ме потпишуваат по портали и емисии. Сега може звучи необично, ное автентично на се што сум јас за кое понатаму ќе слушате.
Со што се занимавате сега?
Мометално работам на неколку страни и веројатно одлично се снаоѓам во хаоси. Меѓутоа, од друга страна правам и чистка, односно се подготвувам за следната фаза во која што сакам да сеизразам, а за што јавноста скоро, па воопшто да не е запознаена. Како велат, за некои работи треба да останеш мирен и тивок, за да не се растури магијата, па така функционирам. Кога ќе треба да знаете што е следното, сигурно ќе бидете информирани со време.
Каде на одмор? Каква е вашата агенда за лето 2023?
Одморот ми почна многу порано од планираното. Бев во Турција, Египет, доаѓа уште еден одмор и до крај на летото не знам каде би била, но сфатив дека патувањата навистина се нешто што ме прават среќна. Не сакам типични патувања, колку што ме интересира запознавање со културата, храната, знаменитостите, нивната природа, стилот на живот. Те менува од корен, стануваш за едно искуство побогат.
Дали читате Гламур.мк?Која ви е омилена рубрика?
Секогаш кога имам време, ве посетувам и многу ми се допаѓа Beauty рубриката. Имате богата содржина во тој дел и доста корисни совети. Благодарам што постоите!
Ова е дел од разговорот со прекрасната Нина Ред, наскоро очекувајте повеќе детали поврани со нејзината приватност!