Нега и здравје

Стомачен вирус „коси“ низ Македонија – како да си помогнете дома со природни напивки и рецепти

Обично трае од два до пет дена, но слабостa може да потрае и подолго, дури и до десет дена.

Advertisement

Нов бран на стомачен вирус се шири низ Македонија, предизвикувајќи зголемен број заболени со симптоми како повраќање, дијареја, вртоглавица, болки во стомак и општа малаксаност.

Иако најчесто не е опасен, вирусот може сериозно да го наруши секојдневното функционирање и да доведе до дехидрација, особено кај деца и постари лица.

Advertisement

Што се случува во телото кога ќе ве „фати“ стомачен вирус?

Лекарите објаснуваат дека вирусот го напаѓа дигестивниот систем, предизвикувајќи воспаление на желудникот и на цревата. Преносот е лесен – преку храна, вода или со контакт со заразени лица.

Обично трае од два до пет дена, но слабостa може да потрае и подолго, дури и до десет дена.

Во услови кога не се потребни болнички третмани, домашната нега игра клучна улога. Еве неколку природни рецепти што може да ви помогнат.

Advertisement
фото пекселс

Против повраќање: Напивка од ѓумбир и од лимон

Ѓумбирот е познат природен лек против мачнина и повраќање. Делува смирувачки врз желудникот и ја ублажува надуеноста.

Рецепт:

Една мала лажичка свеж рендан ѓумбир

Сок од половина лимон

Чаша млака вода

(по избор) Лажичка мед

Измешајте ги состојките и пијте по неколку голтки на секои 15-20 минути. Не се препорачува на празен стомак кај лица со чувствителен желудник.

фото пекселс

За болки во стомакот: Чај од нане и камилица

Комбинацијата од нане и камилица ја смирува мускулатурата на дигестивниот тракт и ја намалува надуеноста и болката.

Рецепт:

1 лажичка суво нане

1 лажичка камилица

250 мл зовриена вода

Прелијте ги билките со вода и оставете да отстојат 10 минути. Процедете и пијте го чајот млак, два до трипати дневно.

Против дијареја: Домашен рехидрирачки раствор

Главната опасност кај дијарејата е дехидрацијата. Овој раствор го надоместува губењето на течности и електролити.

Рецепт:

1 литар зовриена и изладена вода

6 мали лажички шеќер

Половина мала лажичка сол

Измешајте сè додека не се раствори. Пијте мали голтки во текот на денот.

Против вртоглавица: Напивка со јаболков оцет и мед

фото пекселс

Овој пијалак го стабилизира притисокот и го освежува организмот по губење течности.

Рецепт:

1 чаша вода

1 лажичка јаболков оцет

1 лажичка мед

Пијте бавно, еднаш или двапати во текот на денот, особено ако чувствувате слабост.

Совети за закрепнување: Што да јадете, а што да избегнувате

Кога ќе се смири повраќањето, почнете со лесна исхрана – варен ориз, печен компир, тост, банана или супа без масти.

Избегнувајте млечни производи, кафе, алкохол, газирани и засладени пијалаци, како и мрсна или зачинета храна. Телото треба постепено да се врати во рамнотежа, па не брзајте со нормална исхрана.

Кога да се јавите на лекар?

Ако симптомите траат повеќе од три дена, ако има крв во столицата, не можете да задржите течности, или ако се појават знаци на тешка дехидрација (сув јазик, ретко мокрење, конфузија) – веднаш побарајте медицинска помош.

Најдобрата заштита останува хигиената – миење раце, дезинфекција на површини и избегнување контакт со заболени лица. Природните лекови не се замена за медицински третман, но можат значително да го олеснат опоравувањето и да ја намалат непријатноста.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button