Стојне Николова е млада дама која е успешна во својата работа и е повеќе од 13 години на фолк сцената. Таа ја негува и ја сака македонската народна песна. Со музика започнала да се занимава уште од тинејџерските денови на свои 15 години. Неејзиниот наставник по музичко бил тој кој што на некој начин и помогнал да ја започне нејзината музичка приказна. Вели дека е Око мое е нејзина лична карта а талентот го има наследено од нејзината баба и мајка…
Приватна архива
Тринаесет години сте дел од фолк сцената, задоволна ли си од својата кариера до сега?
Да така е, веќе и повеќе од тринаесет…🙂 Задоволна сум.
Вие сте една од младите и многу надежни пеачки кај нас и една од ретките која својата кариера ја започна на свои 15 години, се сеќавате ли како започна вашата музичка приказна ?
Секако, кој би можел да заборави. Мојот наставник по музика ми понуди да влезам во група со него и уште неколку членови…и по неколку проби почнавме со настапи по локали во Струмица.
Кој беше Вашата најголема поддршка да се занимавате со оваа професија и од каде талентот за музика?
Најголема поддршка секако дека ми беше моето семејство, a талентот го наследив од мајка ми и нејзината мајка.
Ми се чини дека песната После мене е некако ваш белег кога ќе се спомне Вашето име, дали ќе се сложите со мене и кои песни ги бараат највеќе на вашите настапи?
Јас би рекла дека е „Око мое“.🙂Највеќе ја бараат нејзе, „После мене“, „Лоша“, „Љуби ме“, „Ти си живот мој“…
Имате добиено повеќе награди- Награда за најдобар дебитант на Валандово фест 2019, Трета награда на Охрид Фест 2016, Награда за најдобра интерпретација на Пирин фолк 2017, Прва награда од публика на фолк летен хит 2019 и други. Која од овие Ви е најдрага?
На Пирин фолк 2016 добив шест награди🙂…
Имате постојано настапи како дома така и надвор, каде сте си поминале најубаво, нешто што ќе го паметите некое гостување?
Па со убави луѓе желни за музика секаде е убаво. Но имам многу гостувања каде сум си поминала преубаво па затоа не можам да издвојам.
Многу млада го изгубивте својот татко, како го надминавте овој тежок период со оглед на околностите, и со оглед дека бевте многу млада тогаш?
Многу тешко, ми остана како траума од детството, но со сплотеноста и поддршката на моите најблиски успеав да продолжам и да се борам со следните предизвици во животот.
Приватна архива
Релативно сте млада но сепак дамите треба да се грижат за својата убавина, кој е Вашиот дневен ритуал за убавина, што користите за да се негувате?
Внесување многу течности и здрава храна, бидејќи начинот на кој се храните се одразува и на вашата кожа, и секако хидрирање на лицето си креми.
Како би се опишала Стојне себеси во неколку збора?
Скромна, енергична и позитивна.
Приватна архива
Дали е Стојне вљубена и може ли да очекуваме да стапне на лудиот камен?
Секогаш сум вљубена…🙂Во животот.. работата, дали ќе стапнам на лудиот камен?! Можеби.🙂
Приватна архива
Што те прави среќна а што те вади од такт?
Малите нешта ме прават среќна…дружба со моето внуче од брат… фамилијата, а ме вади од такт несериозноста кај луѓето
Од што најмногу се плашиш?
Од Бог.
Приватна архива
Каде ги полниш батериите?
Во природа.
Се ближи и најлудата ноќ, ангажирана ли си веќе сo настапи и каде ќе пееш за дочекот на Новата година?
Се ближи нај магичниот период од годината, ангажирана сум веќе и за новогодишната ноќ а и за предновогодишните забави уште одамна. Новата 2025 година ќе ја дочекам заедно со Кочанчани во ресторан “Амор”.
Приватна архива
Кога нова песна?
Веќе имам готови песни а дел се и завршени со видео запис, па се надевам дека средината на декември, ќе пуштам една песна заедно до видео