Стојне се соблече на плажа, па го покажа и еден од НАЈВАЖНИТЕ мажи во нејзиниот живот (фото)
Нашата Стојне во „акција“

Пејачката покажа како ужива кога има слободно време
Познатата фолк-пејачка Стојне Николова во последно време често знае да ги изненади фановите и со своите објави.
Таа реши да си ги напони батериите меѓу своите настапи, па го искористи слободното време и за малку уживање.
Инстаграм/ Стојне Николова
Но пејачката не заборави и на своите фанови, па ги почести со фотографија со која покажа како ужива во убавото време.
Имено, Стојне позираше во бикини со леопард дезен, па со ова свое жешко издание направи хаос на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Стојне Николова
И откако собра бројни симпатии на сметка на својот физички изглед, и тоа додека времето го користи да се одмори, Николова сподели уште една фотографија, но овој пат во малку поинакво издание.
Инстаграм/ Стојне Николова
Таа овој пат го покажа и нејзиниот брат Петре, а со фотографијата му го честиташе именденот.
„Честит именден братче мое. Да си жив и здрав“, напиша Стојне врз својата објава на социјалните мрежи.
Инстаграм/ Стојне Николова
Неколку дена претходно Стојне не го заборави и роденденот на Александар, помалиот брат со кого многу си личат.
Инстаграм/ Стојне Николова
Николова во акција
Стојне веќе одамна е миленичка на народот, а оние што ја познаваат за неа имаат само пофални зборови.
Таа е една млада и вредна дама која напорно работи на својата кариера, а на нејзините настапи секогаш е лудо и весело.
Инстаграм/ Стојне Николова
Впрочем така беше и овој викенд, а како Стојне изгледа и кога е во „акција“, на еден од последните настапи, погледнете во продолжение: