Стојне Николова си ја отвори душичката – „Ми правеа сопки и ме повредуваа“

Фолк-пејачката Стојне Николова во емисијата „Животна приказна“ на МТВ, која ја води Здравкица Милиќ, отворено проговори за тешкотиите и пречките со кои се соочила во својата кариера.
Таа призна дека постоеле обиди да ѝ се попречи патот, но никогаш не дозволила горчината да ја промени.
„Имало сопки, да. Ме повредуваа. Но, знаете, јас не сум овде за да судам. Тој што ќе им суди е Бог, меѓутоа знаете, мене ми е битно јас да сум чиста, да сум чесна, да имам добра намера кон сите, им посакувам навистина среќа, а кој како прави…“, рече Стојне.
Пејачката откри дека не е злопамтило и дека секогаш настојува да гледа напред, без огорченост.
„Многу брзо заборавам. Не знам ни да се лутам. И кога се карам ми велат: ‘Не знам дали си лута, дали не’. Но, ете, не сум зломаптило.“
Стојне додаде дека со многу колеги од музичката сцена има одлични односи, а честопати таа е таа што настојува да го сочува мирот.
„Со голем дел од колегите со коишто се дружам, сите се повозрасни од мене, и мислам дека јас сум таа што треба да биде попустлива и да прости“, рече Николова.



