Стојна НЕ сте ја виделе во вакво домашно издание – и во осмата деценија блеска, наоколу само зеленило
Еве како ужива во домашно издание

Многумина изненади со своите фотографии
Една од нашите најпознати актерки, Стојна Костовска (71), често споделува интересни објави на социјалните мрежи.
Таа сега сподели неколку фотографии и покажа како ужива во својот дом и веднаш предизвика бројни реакции.
Фејсбук/ Стојна Костовска
Имено, оваа наша позната дама која со својот шарм предизвикува внимание и во осмата деценија од животот и овој пат покажа зошто важи за една од оние жени за кои велиме дека стареат како виното.
Таа овој пат покажа како ужива во својот дом, додека беше дождливо, а она што сите го забележаа е дека изгледаше прекрасно.
„Релакс пред дождот“, напиша Костовска во описот на фотографиите што ги објави на својот профил на Фејсбук.
Фејсбук/ Стојна Костовска
Таа за оваа пригода беше облечена во панталони во маслинесто зелена нијанса и маичка, со коса врзана во „несредена“ пунџа.
Фејсбук/ Стојна Костовска
Потсетуваме, ова не е прв пат Стојна со своите објави да предизвика големо внимание кај бројните обожаватели.
Фејсбук/ Стојна Костовска
Таа пред неколку месеци го прослави својот 71 роденден, а се уште привлекува внимание со својата женственост и негуван изглед.
Фејсбук/ Стојна Костовска
Впрочем така беше и неодамна кога се појави во емисијата кај Дракче, и тоа во тесни фармерки и кошула со отвори, а во кои изгледаше минимум 20-на години помладо и буквално блескаше.
Ова нејзино издание ѕирнете го тука >>