Која боја никако не смеете да ја носите кога одите на разговор на работа, а која ако сакате да изгледате послабо?
И можете ли преку боите да откриете нечиј карактер?
Понекогаш, само еден поглед ви е доволен за да го откриете карактерот на некој, па ако знаете да ја толкувате симболиката на боите секогаш ќе бидете еден чекор пред сите.
Потсвесното избирање на боите може да ја открие вашата потсвесна состојба на умот, расположението и чувствата кои во моментот ги чувствувате. Она што го носите на другите им зборува многу за вас. Затоа ако сакате на некого да оставите посебен впечаток, тогаш внимавајте што носите. Бидејќи исто како што самиот изглед на облеката открива дел од вас, тоа го прават и боите. Нивната порака е суптилна и предизвикува поинакви емотивни реакции кај луѓето. Оние кои знаат како да ги толкуваат веднаш можат да дознаат многу што за вас, а исто така и вие можете да го примените тоа, односно да го искористите за луѓето околу вас.
Па, еве што некои бои зборуваат за луѓето:
Црна
Црната е боја на авторитет и моќ.
Популарна е затоа што во неа луѓето добро се чувствуваат, ги први да изгледаат послабо, ги сокрива недостатоците, а покрај тоа таа е безвременска е секогаш е во тренд. Сепак, црна од глава до пети може да открие и дека не сакате премногу да се дружите.
Сива
Оваа боја е симбол на софистицираноста и самодовербата.
Не привлекува внимание па затоа е идеална кога сакате другите да обрнат внимание на она што го правите или зборувате, а не на вашата облека.
Бела
Оваа боја е лежерна, неутрална, одговара на се’ и можете да ја носите во најразлични пригоди. Остава впечаток на едноставност, чистина и елеганција.
Премини на следната страна >>