Еве зошто е толку болно и што ни се случува низ телото кога ќе застанеме на лего коцка
Коцките од притисокот на тежината не попуштаат воопшто
Коцката се состои од три мономери, акрилонитрил, 1.3 будадиен и стирен. Ова значи дека кога и да застанете на неа таа воопшто нема да се свитка, и наместо тоа тежината на личноста ја пренесува на 200.000 нервни влакна кои ги има на стапалото. Поради хемискиот состав направен по мера од АБС пластика, малата коцка воопшто под притисокот на тежината не попушта., туку удира назад на стапалото и на А Делта влакната.
Телото кога ќе застане на коцката реагира и пред да ја почувствува болката. Сигналите кои стигаат во мозокот преку А делта нервните влакна прво го предизвикуваат рефлексот на повлекување, така што ногата автоматски се повлекува.
Иако ова е добро за веднаш да се повлечеме од причината за болката, најверојатно веднаш ќе застанете на друга додека скокате обидувајќи се да ги избегнете и се воздржувате од пцовки. Според American Chemical Society луѓето се тргаат стапалото од лего коцката и пред мозокот да им даде шанса да ја сфатат неизмерната болка која ја чувствуваат на тоа подрачје на ногата.
Како и да е звучи гадно, нели? Епа селдниот пат внимавајте …