Еве зошто е толку болно и што ни се случува низ телото кога ќе застанеме на лего коцка
Кога ќе застанеме на една од овие коцкички во нашите стапало се концентрира околу 3 милиони паскали притисок на површината.
Имате дечиња? Епа тогаш сигурни имате и лего коцки расфрлани низ вашиот дом (можеби не секогаш но доволно е само еднаш да ви излезат од контрола!). Тие се едни од најпопуларните играчки и се сметаат дека околу 600 милијарди коцки се произведени од 1949 година. Тие не се нето посебно остри, ниту пак тврди, но сепак многу родители знаат да застанат боси на нив. И верувајте ова навистина е болно, а се смета дека личност од околу 75 килограми може да концентрира повеќе од 3 милиони паскали притисок на површината на една лего коцкичка на подот. Ваквата сила удира на нервните влакна во стапалото кои се викаат А-делта нонцицептори кои се одговорни за чувството на болка. Тие испраќаат сигнал во мозокот кој е засилен со помош на неуротрансмитери. Коцките се направени од три различни видови на полимер кој им дава сила, отпорност на пукање и сјај.