Нема да верувате што овој пат научниците прогласија за идеален појадок
Ако сакате да ја одржувате вашата идеална тежина, наутро откако ќе се разбудите треба да изедете една чинија од ова…
Секако дека веќе знаете дека кафе и печиво не е најдобар избор за почеток на денот – многу брзо ќе останете без енергија и ќе посакате уште храна. Затоа многумина сметаат дека појадокот треба да содржи протеини кои долго време ќе ве држат најадени, а сега научниците од Копенхаген дојдоа и до заклучок каков вид на протеини е најдобар.
И не, тоа не се јајца (иако тие се многу подобар избор од било што од пекара)
Имено според едно ново истражување се покажа дека најдобар избор за појадок, доколку не сакате да мачите мака со килограмите, се мешунките, особено гравот и грашокот. Според данските научници овие протеини се од растително потекло и се подеднакво добри за почетокот на денот како и оние од животински потекло, но дополнителен плус им е и тоа што имаат повеќе влакна. Истражувачите од универзитетот во Копенхаген открија дека испитаниците кои јаделе за појадок мешунки, внесувале многу помалку калории подоцна во текот на денот.
Симнете го вишокот килограми со помош на горка сол >>
Па, ако сакате да ја одржувате вашата витка линија, и да не чувствувате глад, обидете се да појадувате мешунки – грав, леќа, грашок… Можеби ви звучи чудно, но можеби и многу брзо ќе се навикнете.
Две лажички од оваа смеса ставете во утринското кафе и стопете ги килограмите >>
A aко не пробате, нема никогаш да дознаете…