Бидејќи интимната фризура е средство за заведување, многу дами имаат прецизно дефинирана слика за она што се крие под нивните гаќички.
Како нашите интимни делови би биле уредни, мораме редовно да ја депилираме бикини зоната. Но бидејќи интимната фризура е и средство за заведување, многу дами имаат прецизно дефинирана слика за она што се крие под нивните гаќички. Еве што интимната фризура може да открие за личноста која ја носи.
Природна фризура
Станува збор за класична депилација која што беше многу популарна во осумдесеттите, а се однесува на отстранување на влакната само околу бикини зоната, односно оние што не сакаме да се гледаат надвор од костимот за капење. Оваа фризура опишува жена која што ја сака природната убавина и е практична. Станува збор за скромни жени кои што знаат што сакат и немаат желба да привлекуваат премногу внимание.
Триаголник
Ова е една од најчестите интимни фризури кои покрај препоните и бикини зоната, отстранува и голем дел на влакна и од интимниот предел, па се создава облик на триаголник. Опишува динамична жена која што сака промени, но и сигурност. Станува збор за морална девојка која што понекогаш сака да си поигрува со сексапилот.
Чироки (или Ирокези)
Како што кажува и самото име, станува збор за фризура која што подразбира само една линија, која може да биде подебела или потенка, во зависност од желбата на дамата. Таа беше најпопуларна во 90-тите години. По депилацијата, влакненцата не остануваат со природна должина, туку се кратат. Оваа депилација открива жена која е отворена и комуникативна личност која не се плаши од промени и од новите животни пречки, ги сака авантурите, но се во извесни граници.
Бразилка
Станува збор за депилација која подразбира отстранување на сите интимни влакненца. За да се постигне ова, девојките трпат поприлична болка, а овие фризури ги сакаат и претставниците на посилниот пол. Бразилките опишуваат слободни и сигурни жени кои се свесни на својот сексапил и кои сакаат дополнително да го истакнат. Тие знаат што сакаат и на кој начин да дојдат до целта.