Реклама
Модни совети

Што НЕ треба да носите кога одите на интервју за работа?

Реклама

Пред некое време случајно налетав на една пријателка која беше облечена во краток шорц и која одеше на интервју за работа!?

Шорц?

Маркетинг

Веднаш си помислив како може така да се појави пред луѓето, сепак станува збор за интервју за работа, па колку и да и стојат добро шорцевите (а навистина и стојат убаво, особено кога ги носи со џемпер), тоа е премногу! Но не и кажав ништо, разменивме по две-три реченици, и секој продолжи по својот пат.

Денес ја видов истата девојка онлајн на Фејсбук и си реков да ја прашам што направи со интервјуто – дали ја примиле на работа, а всушност однапред го знаев одговорот, само ме интересираше да видам што ќе ми каже таа. „Мило, па знаеш како е денес. Се е наместено, па дури и кога станува збор за приватни компании. Ако немаш партиска книшка, тешко дека ќе најдеш работа во оваа држава, и единствена опција ми е да заминам на брод или пак да си фатам богат дечко!“

Маркетинг

ОК! Доста! Стоп!

Тешко е, знам! Но, драга моја, дали се погледна во огледало пред да тргнеш на интервјуто? Дали си помисли дека така облечена нема да те примат, па и да станува збор за волонтер за некоја модна ревија? Зарем НЕ можеше да облечеш нешто поскромно – си помислив да и го кажам сето ова, но не реков ништо. „Да, така е кај нас. Ама ајде, ќе биде… Следниот пат ќе имаш повеќе среќа! А зошто не извадиш партиска книшка?“, и пишав со неколку смајлија меѓу редовите, а потоа решив да го направам овој пост, да го споделам со вас и на крајот да и го пратам како порака на Фејсбук. Се надевам дека нема да ми се налути!

Токму и затоа за денес решив да ја подготвам оваа галерија во која ќе најдете неколку комбинации кои можете да ги носите во разни пригоди, но никако НЕ кога одите на интервју за работа.

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button