Поради овие високи потпетици заврши на столбот на срамот – што мислите вие за ова издание на Меланија Трамп?
И покрај тоа што нејзините високи потпетици изгледаат совршено, многумина ја критикуваа токму поради таквиот избор.
Имено, Меланија Трамп при посетата на луѓето загрозени од поплавите во Тексас се појави во беспрекорно издание. Црни панталони, маслинеста бомбер јакна и елегантни високи потпетици кои совршено се вклопија во целата комбинација. Но проблемот е што многумина и замерија токму на високите потпетици кои воопшто не одговараат на ситуацијата. Имено, ураганот Харви на многумина им го уништи животот, па Меланија наместо да размислува за нивната несреќа и да покаже барем малку вистинска емпатија и сочувство со настраданите семејства, најверојатно размислувала што да облече и како ќе изгледа на настанот, коментираа многумина од оние што ја критикуваа откако се појавија фотографиите на социјалните мрежи.
Што мислите за ова нејзино издание?
Можеби требала да облече патики или обични чизми, и ништо од ова немаше да се случи …