Реклама
Коса

Што мислите за новата фризура на Ријана?

Реклама

Кога за прв пат слушнав дека Ријана има кратка машка фризура, се нетпрение чекав да видиме каде и што точно скратила, и како и стои кратката фризура.

Маркетинг

Секако дека веднаш штом ја видов на интернет сватив дека машката фризура на Ријана изгледа „so sexy“, но дека повторно ќе не изненади така што ќе се скрати уште малце, е тоа никој не го очекуваше, нели?

Маркетинг

Сега, претпоставувам дека некои од вас, ќе си речат „ах, па таа навистина изгледа прекрасно и со оваа фризура“, додека некои други, пак, воопшто нема да се согласат со ваквиот коментар и ќе речат дека Ријана сега изгледа постаро, покласично, повообичаено… Но, во едно сум сигурна, а тоа е дека „копирањето“ на овој нејзин стил ќе оди многу потешко, па дури и за оние најхрабрите меѓу нас, нели?

Што се однесува до мене, да, јас би се согласила со оние девојки кои за оваа фризура сметаат дека е секси, бидејќи нејзиното отворено лице (еве видете како и стои кратката машка фризура кога таа е облечена во шорц и маичка), со малку шминка и некој соодветен аксесоар изгледа прилично заводливо и секси.

Но, што мислите вие за оваа фризура? Дали ви се допаѓа и дали некогаш би се осмелиле да ја пробате? Или пак, веќе се имате обидено и сега сиот овој муабет за вас е нешто што е веќе видено?! :)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button