Реклама
Секс

Еве што мислат претставниците на посилниот пол доколку имате секс на првиот состанок

Реклама

 

Истражуваме зошто можеби ќе сакате да почекате пред да скокнете в кревет со некого и исто така разговаравме за тоа колку луѓе, всушност, го направиле тоа на првиот состанок.

 

Маркетинг

 

Маркетинг

Но, што дечките мислат доколку вие, по првото дружење, стапувате директно во акција? Консултиравме неколку момци за оваа, хмм, чувствителна тема.
Поточно, сакавме да знаеме дали имањето секс на првиот состанок ќе направи тие да го изгубат интересот за женската или ќе ја почитуваат помалку. За среќа, нивните одговори само го засилија фактот дека тие се одлични машки единки. Еве што тие имаа да кажат:

 

Милан, студент по медицина: „Како демант, претпоставувајќи дека ми се допаѓа девојката, секогаш би имал секс со неа на првиот состанок. Единствениот пат кога не би го направил тоа е доколку не сме се ’погодиле’ или ако не сакам да ги комплицирам работите пред да сфатам што јас чувствувам. Па дури и ако навистина не ми се допаѓа, а таа инсистира на секс, тешко би се контролирал. Дефинитивно не би ја почитувал помалку, па дури и ако сексот е лош, би сакал да ја видам повторно. Очигледно сексот е важен, но лош секс на првиот состанок не би бил причина за раскинување. Ако имам убави чувства за неа, тогаш би ја поканил да излеземе повторно, без оглед на тоа каква е таа в кревет.“

 

Васко со кој се гушкавме за време на журката која ја организираше Го сакам ГТЦ: „Не би ми пречело доколку имаме секс на првиот состанок. Очигледно, чекањето ја зголемува возбудата, но тоа нема да ја мојата заинтересираност за неа помалку сѐ додека сексот е добар. Што се однсува до губење на почитта кон неа, тоа би било прилично лицемерно.“

 

Иван од Охрид: „Дали би излегол со неа повторно, искрено зависи од сексот. Ако бил добар, ќе ја поканам повторно. Доколку бил слаб, тогаш ќе размилсам за тоа како се одвивал разговорот пред тоа и како состанокот напредувал. Би ја пичитувал, со мудрост, секако.“

 

Дали има некои дечки чија мисија е да одат в кревет се жена, а потоа, кога ќе се зазори следниот ден, да трчаат во следна? Дефинитивно, и затоа може да заклучиме дека идејата за секс на првиот состанок може да ви е одбивна. Но, на мислење сме дека ако дечкото е зрел (и феминист, т.е. се залага за исти права за жените), сексот на првиот состанок нема веднаш да го убие неговиот интерес за вас. Одвратниот секс на првиот состанок може, но вистинското имање секс – нема да го одбие. Се разбира, ако вам ви е подобро да чекате од било која причина, тогаш тоа е 100 проценти во ред!

 

Основен факт: Чекајте, доколку така сакате. Не чекајте, доколку не сакате. На крајот на денот, кога ќе одлучите да имате секс, тоа треба да биде поради тоа ќе се чувствуваат добро. Да се знае што мислат мажите е корисно – може да послужи како изговор, но да се остане верен на себеси е она што е најважно.

 

Што мислите за секс на првиот состанок? И доколку ви се јави по првиот состанок, тоа е очигледен знак дека е загреан за вас.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button