Еве што ќе се случи ако пиете сок од ананас секој ден една година
Една шолјичка, или околу 165 грама ананас, содржи 131,4 отсто од препорачаната дневна доза на витамин Ц, 76,5% магнезиум, 9% витамин Б6, 8,6% витамин Б1, а само 82 калории.
Сокот од ананас е особено освежувачки пијалок за време на летните месеци, но поради хранливите материи со кои изобилува, е одличен избор во текот на целата година.
Aнанасот е сочно, тропско овошје кое се смета за едно од најздравите овошја во светот. Тој е богат со ензими, минерали, елементи во трагови и витамини, содржи калциум, калиум, магнезиум, фосфор, железо, јод и цинк, како и провитамин А и витамин Е, Ц и од групата Б…
Што ќе ви се случи ако пиете сок од ананас секој ден една година?
– Помалку ќе се разболувате од настинки и грип, бидејќи ананасот содржи бромелаин, кој го чисти организмот од отровите што го “напаѓаат” нашето тело.
– Ќе изгубите вишок килограми. Ако пиете сок на празен стомак, ќе ја намалите желбата за слатки и ќе го поттикнете метаболизмот.
– Ќе го исчистите организмот од паразити. Потребни се само три дена консумирање на ананас за телото да се ослободи од цревните паразити.
– Ќе го намалите ризикот од повреда. Калиумот од ананасот помага во одржување на стабилно ниво на електролити во телото и ги спречува грчевите во мускулите за време на физички напор.
– Редовното консумирање ананас ќе му обезбеди на организмот изобилство од антиоксиданси.
– Забите ќе станат поздрава и побели.