Холивуд

Која храна ја избегнува, но и што НЕ е природно на телото на една од најпознатите манекенки на денешницата

Advertisement

Познатата манекенка планира да оди во пензија

Advertisement

Една од најпознатите ангели на Викторија, 36 годишната Бразилка Алесандра Амбросио по 17 години кариера објави дека заминува во пензија па настапот во Шангај кој воедно беше и последен пат како ги носи најславните и најскапите крилја на овој бренд. Таа сака да им се посвети на своите деца, синот Нои и ќерката Ања, но и да си ја проба среќата како актерка, а поради тоа доби и улога во комедијата „Тате се врати за Божиќ“ која наскоро треба да се појави и во нашите кина. Покрај тоа што се надева дека нејзината кариера како актерка ќе тргне во нагорна линија, сега ќе има и повеќе време да се посвети и на својата линија со костими за капење „Ale by Alessandra“.

Што се однесува до нејзиниот изглед познатата убавица во интервју за магазинот „Story“ вели дека дава се од себе и не се плаши да ги прави и најтешките вежби, додека од храната, се обидува да ги избегнува јаглехидратите, но бидејќи е родена во Бразил, тестенините и лебот не може така лесно да ги избегне. Понекогаш сака да се почести со темно чоколадо или коктел, a не може да му одолее и на доброто вино. За убава кожа секогаш внимава да внесува доволно течности во организмот. А што се однесува до естетските корекции, и покрај тоа што на 13 години ги оперирала „клемпавите“ уши, денес, сеприсутноста на пластичните операции во шоубизнисот, па и во реалниот свет, потполно ја излудуваат.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button