Погледнете ги овие неколку комбинации кои ги позајмивме од познатите модни блогерки и кои би можеле да ги фураме преку викенд.
Ретро стилот повторно е во мода, а главни виновници за воскреснување на модните духови од минатото се бројните дизајнерски и high-street брендови кои ни понудија фантастични парчиња инспирирани од трендовите од 60-тите и 70-тите. Токму затоа ова е еден од оние трендови кои сакаме што почесто да ги гледаме и на нашите улици, без разлика дали станува збор за ѕвонарки кои се маст-хев за оваа сезона или пак за ретро здолништа со копчиња во предниот дел. Можете да ги носите со џемпер и капут за преку ден, но доколку сакате во нив да се појавите на некоја забава или вечера, направте го тоа како девојките од овие слики.
Погледнете ги и другите комбинации кои би можеле да ги фурате овој викенд, особено ако сте девојка која ги следи трендовите.