САБОТА. 01.01.2011. Токму за Нова година, нешто по 24.00 часот, нашиот портал беше мета на сериозни напади од страна на грчките хакери. Цела вечер нашиот ИТ сектор наместо да слави Нова година, се бореше со хакерите за да ги одбрани нападите, кои следеа зачестено откако минатиот четврток го објавивме текстот „За старите Грци нема Нова Година“.
Но, поради успешноста на нашиот програмерски тим и пред се на предноста која што ние Македонците ја имаме во информатичкиот секторот и електрониката (територијално се наоѓаме малку по на север од нив, т.е. поблиску до Силиконската долина и покрај тоа што тие имаат многу повеќе силикони од нас!) ние успеавме Грчките хакери да ги ставиме на колена и тие почнаа да не молат за животите на нивните електронски уреди. Од причини што ја разбираме нивната финансиска ситуација (па и ние самите бевме банкрот до вчера, дур не нé открија спонзорите!) и пред се бидејќи сите сме христијани, решивме да ги поштедиме.
(За да ни ја честитате победата, едноставно кликнете Like!)