Огласи
Холивуд

Беспрекорниот стил на најпознатата и најубавата Индијка на светот

advertisement

Оваа дама во последно време се почесто го привлекува вниманието на медиумите со својот стил

Познатата 35 годишна индиска актерка, Пријанка Чопра, која е и пејачка, продуцентка, филантропка и победничка на „Miss World 2000“ многумина ја сметаат за една од најмоќните дами на светот. Пред две години магазинот Тајмс ја рангираше меѓу 100-те највлијателни луѓе на светот, додека Форбс минатата година за една од 100-те најмоќни жени на светот.

реклама

Таа денес важи за една од водечките индиски актерки, но и прва дама од Јужна Азија која игра водечка улога во позната американска серија. Работи за УНИЦЕФ како амбасадорка на добрата волја при Обединетите нации, често учествува во добротворните организации и случувања кои најчесто се поврзани со еднаквоста на половите и се борат за поголеми права и подобар живот на незгрижените деца.

Марpкетинг

Позната е и по тоа што е пријателка со Меган Маркл, војвотката од Сасекс, а откако се појави во преубаво издание на кралската венчавка медиумите постојано се интересираат за неа, односно за нејзиниот стил.

Таа најчесто избира женствени бохо фустани кои ги носи на еден посебен, елегантен дамски начин, а склона е и кон истакнување на своите облини, но тоа го прави мошне успешно, суптилно и секси.

advert
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

Back to top button