Реклама
Култура[тор]

Модни лекции кои ги научивме од Дејвид Боуви (плус 10 работи кои НЕ сте ги знаеле за него!)

Реклама

Дејвид Боуви почина на 10 јануари само два дена откако наполни 69 години.

Тој е еден од најважните британски уметници кој ја дефинира англиската култура повеќе од пет децении во кои можевме да видиме многу смели трансформации, но и да слушнеме музика и интересни општествени, па и политики коментари. Кариерата на Боуви експлодира на британската музичка сцена со „Space Oddity“, во 1969 година, но тој беше дел и во другите креативни индустрии. Тој имаше големо влијание и во модната индустрија, особено со неговиот ексцентричен стил. Боуви ги замагли границите меѓу машката и женската облека, пишува порталот за мода Whowhatwear, а ова е тема која е во епицентарот на модата и денес.

Маркетинг

Неговиот бунтовнички  дух и впечатлива панк естетика од ерата на Зиги Стардаст е нешто што го видовме во многу колекции до сега (како во минатото, така и во најновите колекции на познатите дизајнери), со што се докажа дека таквиот стил стана референтна точка за британскиот кул изглед од 70-тите и 80-тите па се до денес. Денес ќе му одадеме почест така што ќе направиме еден краток осврт на некои негови легендарни комбинации, но  и ќе споделиме неколку занимливости кои можеби не сте ги знаеле за него.

Маркетинг

#1 правило:

И кога носите маица, бидете оригинални. Подвиткајте ги ракавите, втурнете ги навнатре, поиграјте се со деколтето, ставете ја во фармерките, или извадете ја, но никогаш, ама никогаш не носете ги без да изгледате уникатно во нив.

#2 правило:

И костумот можете да го носите на оригинален начин. Сакото носете го префрлено преку рамениците, откопчајте го горното копче на кошулата (па и кога носите вратоврска), носете и трегери и ремен, завиткајте ги ракавите….

#3 правило:

Федора шешир треба да носите со став.. или воопшто да не го носите

#4 правило:

Не дозволувајте ништо и никој да ја убие вашата модна креативност. Ако се разбудите и почувствувате потреба да носите нешто ексцентрично, тогаш направете го тоа. Не дозволувајте никогаш самодовербата да ве напушти.

#5 правило:

Фризурата е важен дел од вашиот стил. Исто како и боите кои ги носите и начинот на кој ги комбинирате. Но, секогаш обидете се да бидете креативни …

Неколку интересни работи за Боуви кои НЕ сте ги знаеле:

Десната зеница на Боуви е трајно проширена откако неговиот пријател Џорџ Андервуд го удри во школска тепачка. Се скарале, наводно, поради една девојка. Тие подоцна ќе останат многу добри пријатели, а Џорџ за некои негови албуми ќе ги направи дизајните за омотите. Поради прошиената зеница се мисли дека Дејвид има очи во различни бои, но тоа не е така.

Почна да свири саксофон на 12 години и свири вкупно на 14 инструменти.

На 17 години во едно интервју за Би Би Си како зачетник на Здружението за превенција на суровоста кој долгокосите мажи, отворено зборуваше дека не е воопшто пријатно кога на маж му се обраќаат со драга.

Првата поголема улога во филм на Дејвид му е главната улога во филмот „The Man Who Fell to Earth“ каде игра вонземјанин.

Неговиот постар брат Тери боледуваше од шизофренија и се самоуби во 1985 година. Дејвид на него му ги посветува песните: „Aladdin Sane“,„’All The Madmen“, „The Bewlay Brothers“  и „Jump They Say“.

Со сомалискиот супермодел Иман се ожени во 1992 година, имаат ќерка Александрија Зара Џонс. Неговата сопруга на својот глужд има тетоважа со бодеж која му е посветена на Дејвид Боуви.

Инспирацијата за неговото алтер его, Зиги Стардаст ја има добиено од една случајната средба со тогаш веќе изгубената поп ѕвезда и зависник од ејсид, Винс Тејлор, во улицата „Carnaby“ во Лондон. Винс ја има напишано Brand New Cadillac која подоцна беше преработена од The Clash.

На врвот на својата зависност од кокаин, наводно толку бил параноичен што својата урина ја сокривал во фрижидер како не би ја укале злобните волшебници.

Групата Placebo како и Oasis често ги спомнува како негови омилени бендови.

Неговото славно признавање дека е бисексуалец се случи во интервју за култниот магазин Rolling Stone во 1972 година, но подоцна изјави дека тоа го измислил бидејќи сакал да го следи своевидна мистериозност.

Својата прва жена, Енџи Боуви ја запозна кога „оделе“ со ист маж. Тој се ожени со неа во 1970, а се разделија во 1980. Тие ќе добијат син и токму тој прв ќе ја соопшти смртта на Дејвид Боуви преку социјалните мрежи.

{youtube}y-JqH1M4Ya8{/youtube}

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button