Овните се трендсетери, на Стрелците и сакаат хипи стил – какво стил на облекување ви прилега
ВАГА
Вагите имаат специфичен вкус за облекување, па типично за нив е никогаш да не се доволно задоволни од својот изглед. Трошат доста време во процесот на одлучување што да облечат или што да купат, сè додека не го одберат совршеното парче материјал. Вагата има тенденција да се носи класично, притоа додавајќи тренди елементи. Следењето на модата е нешто што и доаѓа природно на вагата, но таа тоа го прави на свој уникатен начин. Издвојува доста време за совршено да го искомпонира својот изглед од глава до петици.
СКОРПИЈА
Модниот стил на скорпијата е некако измешан. Таа има тенденција да се облекува според пригодата и нема некој одреден стил. Кога оди во ноќен клуб, скорпијата може да облече некоја секси облека за да го привлече вниманието на спротивниот пол, а за на работа најверојатно би облекла одело кое ќе прави да изгледа моќно, за да изгледа доволно сериозно за работната позиција која сака да ја има. Таа го облекува она што ги задоволува нејзините потреби или она кое смета дека ќе и помогне да ја достигне целта. Кога станува збор за накитот, скорпијата или носи премногу или воопшто не носи.
СТРЕЛЕЦ
Најубаво се чувствуваат во удобна облека и не ги следат модните трендови. Сакаат облека која ќе им овозможува движење и ќе одговара на нивниот активен стил на живеење, па најчесто можете да ги видите во спортска облека, долги лелеави здолништа или широки пантолони. Тие ќе ја носат облеката сè додека не избледи. Хипи стилот совршено би изгледал на стрелецот, во комбинација со некои удобни чевли за пешачење или сандали. Светлите бои им го подигаат духот, а убаво им прилегаат и темно сина, жолта и беж боја.
Според хороскопот кој е вашиот природен талент?>>>
ЈАРЕЦ
Машките јарци облекуваат одела, а женските, некои убави потпетици. Тренерките најчесто не се дел од нивната гардероба, а нивното оправдување е дека не можат да си дозволат сè да си купат. Секогаш кога има попуст низ трговските центри, јарците одат по рафтовите и бараат нешто што е практично. И покрај тоа што не ги следат трендовите, јарците одбираат да носат нешто што изгледа добро на нив и може да им помогне да напреднат во кариерата.
ВОДОЛИЈА
Кога е во тренд ретро стилот на облекување, водолијата наместо да се облекува согласно актуелната мода, таа буквално ќе пронајде ретро парчиња. Ткаенини во разни бои и облека која ќе ги шокира луѓето е задолжителна во плакарот на водолијата. Разновидноста го опишува нејзиниот стил на облекување. Како и да е, водолијата би сакала да поседува барем едно одело кроено по нејзина мерка, кое е многу скапо, сјајно, префинето и совршено. Најдобро изгледаат во тиркизна боја, а убаво изгледаат и во виолетово, сино, сиво, црно и вино-црвена боја.
Како да го носиме најпопуларниот материјал за оваа сезона >>
РИБИ
Рибите имаат едноставен стил на облекување, кој е одраз на нивната сензитивна и сочувствена душа. Тие не се ограничуваат во однос на последните модни трендови. За нив облеката е форма на социјална структура и доколку би можеле, тие би шетале голи. Флексибилни се во она што одбираат да го облечат и најчесто кога купуваат, тоа е од неопходни причини. Но, тоа не значи дека купуваат само колку за да имаат нешто во плакар, туку одбираат парче облека кое навистина им се допаѓа и кое не планираат да го симнат од себе сè додека не се скине.