Диети

Степенеста диета

Реклама
Реклама

Основата на оваа диета е поделената исхрана, односно одделно консумирање на јаглени хидрати и белковини.

Степенестата диета ја осмислил американскиот доктор Хауард Хeј уште во дваесетите години на минатиот век. Главниот принцип на диетата е дека не треба да се мешаат јаглени хидрати и белковини, односно секој ден наизменично треба да се зема еден оброк јаглени хидрати и еден оброк белковини. Ако правилно се придржувате на диетата за 14 дена ќе изгубите околу 5 килограми и ќе го прочистите организмот.

Маркетинг

Храната е поделена на следниве категории:

Јаглени хидрати: леб и бели пецива, тесто, ориз, житарки, компир, суво овошје, банани, смокви, урми, сите засладувачи … Белковини: месо, живина, риба, јајца, млеко, кашкавали, тофу, преработки од месо… Неутрални намирници: зеленчук, зелена салата, бело сирење со мал степен на маснотии, димена риба …

Маркетинг

Како што кажува самото име, степенастата диета се спроведува во неколку чекори, односно степени.

 ПРВ СТЕПЕН 

Дводневно чистење на организмот и внесување на доволно витамини, минерали и ензими. Ќе изгубите еден килограм.

Ден 1 – Пет пати дневно овошје или свежо исцеден овошен сок. Идеален избор на овошје: јаболка, круши, ананас, киви, диња. Бананата е забранета.

Ден 2 – Пет пати дневно салата односно свеж или варен зеленчук. Избегнувајте масло и сол, зачинете ја салатата со миродија, магданос и други билни зачини.

 ВТОР СТЕПЕН 

Диета во траење од 5 дена за време на кои ќе изгубите 3 килограми.

Ден 1
Појадок: сурутка со една овошка
Ужина: 75 гр. посно сирење со лажичка магданос
Ручек: ракчиња со моркови и сок од лимон
Попладневна ужина: 2 свежи пиперки
Вечера: салата од свежи краставици со парче варена пастрмка.

Ден 2
Појадок: парче двопек со немасно бело сирење и ротквици или краставица
Ужина: 100 гр. диња или некое друго сезонско овошје
Ручек: мешан динстан зеленчук со варен ориз
Попладневна ужина: 1 киви
Вечера: мешана салата со 2 филети димен лосос.

Ден 3
Појадок: Овошна салата од диња и манго со малку диетален јогурт и 2 лажички сок од портокал
Ужина: парче црн леб со 2 домати
Ручек: пилешки гради (бело месо) со динстан домат и праз
Попладневна ужина: 1 морков и 50 гр. диетален јогурт
Вечера: салата од шпаргли со компир и зелена салата.

Ден 4
Појадок: сурутка со 125 гр. испасирана диња или некое друго сезонско овошје
Ужина: парче препечен леб или двопек со немрсно сирење и 50 гр. свежа краставица
Ручек: варен компир со сирење и салата од рукола
Попладневна ужина: 100 гр. диња или некое сезонско овошје
Вечера: салата од млад кромид и свежа пиперка, парче камембер или некој друг кашкавал со до 30% маснотии.

Ден 5
Појадок: несолена урда со 2 лажички сок од портокал и малку џем од јагоди
Ужина: една пресна келераба
Ручек: 100 гр. свинско филе со неколку шпаргли и 1 домат
Попладневна ужина: 1 киви
Вечера: тост со шунка (отстранете ги сите мрсни делови) и 150 гр. диња или друго овошје.

 ТРЕТ СТЕПЕН 

За седум дена ќе изгубите уште 1,5-2 килограми. Дневно се внесуваат 1000 калории што повеќе претставува одржување на тежината отколку слабеење.

Ден 1
Појадок: парче леб со 30 гр. горгонзола
Ужина: половина цитрон
Ручек: шпагети со сос од домати
Ужина: 1 пиперка и 30 гр. сирење
Вечера: 1 авокадо полнето со шкампи и праз

Ден 2
Појадок: кајгана од 2 јајца
Ужина: половина цитрон
Ручек: пилешки батак со обарена боранија
Ужина: зелена салата
Вечера: салата од тестенини со брокула

Ден 3
Појадок: една земичка со сирење и домат
Ужина: 250 гр. моркови
Ручек: пекарски компир со пиперки и кромид и додаток од сирење
Ужина: 1 јаболко
Вечера: салата од шпаргли со парчиња портокал

Ден 4
Појадок: манго со овошен јогурт
Ужина: 1 киви
Ручек: јагнешка шницла на кромид
Ужина: 1 пиперка и 30 гр. сирење
Вечера: салата од компири со риба

Ден 5
Појадок: овесни снегулки со малку суво грозје
Ужина: 150 гр. јагоди
Ручек: риба со динстана келераба
Ужина: 1 јаболко
Вечера: леб со камембер сирење

Ден 6
Појадок: овошна салата од папаја и киви
Ужина: малку ананас
Ручек: спанаќ со варен ориз
Ужина: парче тост со сирење
Вечера: салата со бело пилешко месо и соја сос

Ден 7
Појадок: банана со урда
Ужина: јаболко
Ручек: тестенини со динстан морков
Ужина: 1 морков и 50 гр. урда
Вечера: салата од зеленчук зачинета со кари.

Извор: herbateka.eu

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button