UncategorizedНаши ѕвезди

Стефан Лазаров во шок, се шири вест дека починал – ова ги запрепасти сите, и тоа сега кога му е најтешко

Се шири лажна вест што ги потресе сите

Advertisement

Ова не само што не е интересно, туку е и крајно морбидно

Познатиот македонски јутубер, Стефан Лазаров, на својот профил на социјалните мрежи сподели фотографија на која се гледа дека стои на една „реклама“ на која пишува дека тој наводно починал.

Advertisement

Оваа лажна вест на момент ги потресе сите, а вчера се ширеше на Инстаграм и во неа беше наведено дека јутуберот починал.

Како причина дека починал, пишува дека „Стефан Лазаров не знаел дека микрофонот му е вклучен, се збогуваме со него засекогаш“, а откако оваа шокантната вест се појави, се огласи и Стефан:

Advertisement
Принтскрин/ Инстаграм

„Не кликајте, ова е некоја лажна вест или вирус“, напиша Стефан огорчен што некој решил на ваков начин да го злоупотреби неговото име.

Покрај морбидниот наслов под фотографијата на јутуберот пишува и „Ова е тажен ден за цела Македонија„ и „Трагичен крај за Стефан“, а лажната вест е направена да изгледа како да ја објавила телевизија Канал 5.

Принтскрин/ Инстаграм

Потсетуваме, неодамна слична ваква лажна вест се ширеше и за Калиопи, која исто така веднаш реагираше.

Принтскрин/ Инстаграм

Тогаш покрај морбидните фотографии на кои Калиопи е во болничка постела, а кои беа фотомонтажа, исто така имаше лажни информации дека пејачката е во болница и дека докторите се борат за нејзиниот живот, но наводно, не успеале да ја спасат.

Принтскрин/ Инстаграм

Ова секако дека предизвика бес и огорчување кај Калиопи, но и кај нејзините фанови кои беа во шок што некој се дрзнал на ваков морбиден начин да го злоупотреби нејзиното име.

Повеќе за ова прочитајте тука.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button