Стефан Лазаров се потсети на својот починат пријател – фотографијата што ја објави ги растажи сите
Починаа 40 тажни денови, неговите пријатели тагуваат...
Познатиот јутубер Стефан Лазаров сподели неколку емотивни објави за неговиот починат пријател и колега Зоран Василевски.
Имено, Стефан објави фотографија на која е со Зоки, потсетувајќи се на убавите моменти што ги помина со човекот со кого беше многу близок.
„40 дена, фалиш братко“, напиша Стефан и додаде едно срце, а потоа сподели и една заедничка фотографија со зборовите:
Инстаграм/ Стефан Лазаров
„Нашата последна слика. Насмеан…“ напиша Стефан врз фотографијата направена неколку дена пред смртта на Зоки.
Инстаграм/ Стефан Лазаров
Потсетуваме, познатиот естраден новинар Зоран Василевски попознат како Зоки Фаци, беше погребан на 3 ноември на гробиштата во Катланово каде се закопани и неговите родители. На погребот присуствуваа бројни познати личности, а познатиот јутубер, Стефан Лазаров, по овој тажен момент емитуваше видео кое целосно му го посвети на неговиот пријател.
Инстаграм/ Зоки Фаци
Тој тогаш откри и што точно се случувало со Зоки последните денови од неговиот живот, а со солзи на очите зборуваше и за една од последните желби на новинарот, што ја побарал од него.
„Едно седум дена пред да почине ми се јави и ми кажа дека сака да му купам магнолија, цвеќе, за во Катланово“, изјави тогаш Стефан.