Реклама
Вирално

Путин ги забрани гej-браковите во Русија, а папата Фрањо – Xомoceксyалците се божја деца и имаат право на семејство!

Реклама

И додека во Русија во ставот беше додадена дефиниција на бракот како заедница на маж и жена, папата Франциско е првиот понтиф што ги подржа хoмoceксуалците.

Во документарецот што беше објавен во средата, католичкиот папа Фрањо (Франциско) изјави дека истополовите бракови треба да имаат право на граѓанска заедница пред законот и на тој начин да бидат заштитени.

Маркетинг

Папата Фрањо во новиот филм кој беше објавен во средата изјави дека хoмoceксуалците треба да бидат заштитени со закон за вонбрачна заедница, што е една од неговите најјасни пораки поврзани со гej браковите.

„Xoмoceксуалците имаат право на семејство. Тие се деца на Господ и имаат право на семејство. Никој не треба да се исфрли и никој заради тоа не смее да се чувствува загрозено, изјави папата во документарецот што деновиве ја разбранува јавноста, а го носи неговото име „Фрањо“.

Маркетинг

„Она што треба да се направи е вонбрачна заедница. Тоа е начин правно да бидат покриени. Јас сум за тоа“, додаде тој.

Папа со тоа се реферираше на времето кога беше надбискуп во Буенос Аирес. Тој тогаш се противеше на истополовите бракови, но ја поддржа идејата правата на овие парови на некој начин да бидат правно заштитени.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Според неговиот биограф, Остин Ајвери, неговите коментари во филмот се некои од најдобрите изјави кои папата Фрањо досега ги има дадено по ова прашање откако во 2013 е избран за папа. Тој зборуваше во делот на филмот посветен на Андреј Рубери, xомoceксyалецот кој со партнерот посвои три деца.

Рубера зборува како своевремено бил на утринска миса која Папата ја служел во својот ватикански дом и му го предал писмото во кое што се обидел да ја објасни неговата ситуација. Тој тогаш на папата му кажал дека заедно со својот партнер сакаат да ги воспитуваат своите деца како католици, во духот на христијанската традиција, но не беше сигурен како ќе бидат примени во локалната парохија.

Во филмот не е јасно во која држава живее Рубера.

Рубера потоа вели дека по неколку дена Папата му се јавил и му кажал дека неговото писмо го трогнало, па и им порача да одат во парохијата со децата, но и да бидат подготвени доколку ги одбијат. Во филмот се гледа како Рубера го предава писмото на Папата и потоа дава изјави дека го послушале неговиот совет и дека се среќни што го направиле тоа.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Автор на филмот „Фрањо“ е Евгениј Афиневски кој сака неговиот документарец да испрати порака на надеж, а од главниот лик избра еден од најмоќните луѓе на светот кој може да го обедини светот, а тоа е папата Фрањо. Режисерот го опишива како некој кој го поврза и филмот „Фрањо“ кој премиерно беше прикажан на филмскиот фестивал во Рим, седиштето на Папата е во центарот на дејствието кое се занимава со глобалните светски проблеми.

Овој режисер беше номиниран за Оскар со филмот „Огнена зима“ за народното востание во Украина. И откако „Плачот на Сирија“, уште еден филм за граѓанската вojна до доведе до „најмpaчните страни на човештвото“, тој почувствува дека треба да сними нешто што го подигнува духот.

Филмот се занимава со актуелниот проблем за се поголемиот јаз измеѓу богатите и сиромашните. Рacизмот, климатските промени, миграциите, политички поделби и односот измеѓу христијаните, муслиманите и евреите.

Путин VS Фрањо

Од друга страна, само неколку дена претходно во медиумите се појави веста дека Путин ги забрани истополовите бракови во Русија. Имено, правна дупка во рускиот закон за брачните заедници ги препознава истополовите парови кои се венчале во странство се додека не станува збор за блиски роднини или некој што веќе е венчан.

Тоа доведе до најмалку два случаи во кои руските службеници ненамерно ги признале истополовите бракови од 2018 година.

Путин минатата недела поднесе нацрт амандман на семејниот закон во Русија кој ги забранува немopaлните толкувања на меѓународниот договор.

Забраната првенствено се однесува на истополовите бракови – се цитира неименуван член на Путиновата работна група за уставни амандмани. Изворот посебно укажува на истополовте бракови кои се регистрирани во странство, пренесува рускиот „The Moscow Times”.

Меѓународното прво имаше приоритет во Русија и тоа важеше до ова лето кога се случи гласањето ширум земјата за уставните амандмани со што е доделена предноста на рускиот устав над меѓународните договори.

Претставниците на властите во Русија сега ќе можат немopaлните меѓународни одлуки да ги оспорат пред уставниот суд. Самата Русија не ги регистрира истополовите браков, а гласањето за амандманите додаде во Уставот и дефиниција на бракот како заедница на маж и жена.

Папата Франциско одблизу

Еве накратко некои детали од животот на политичкиот папа, како што го нарекуваат, а кој сака да го обедини светот.

Современ папа

Папата Франциско на Твитер го следат преку 10 милиони луѓе и според анкетите е поомилен отколку Барак Обама, Ангела Меркел или бројни други меѓународни политичари. Во трите години на функцијата, папата во секој случај придонесе да задуваат свежи ветрови во црквата.

Фото: Ројтерс

Син на италијански доселеници

Хорхе Берголио (втор од лево) е роден на 17 декември 1936 година во аргентинскиот главен град Буенос Аирес како најстар син од четири деца. На 22 години младиот хемиски техничар пристапил на Редот на Језуитите и почнал студии по теологија и филозофија.

Сочувствителниот надбискуп

Во 1998 година Берголио на 62 годишна возраст беше именуван за надбискуп на Буенос Аирес. Тој беше познат по тоа што се вози со метро, првенствено за да има можност да разговара со посиромашните луѓе.

Фото: Ројтерс

Habemus Papam

Во 2013 година Конклавата на кардинали го избра за 266. поглавар на Римокатоличката црква. Под името Франциско Први тој го наследи на функцијата папата Бенедикт Шеснаесетти, кој се повлече поради старост.

АП

Језуит и аргентински папа

Родениот Аргентинец е првиот Латиноамериканец кој е религиозен водач на околу 1,2 милиони католици во светот. Освен тоа, тој е првиот Језуит на оваа функција.

Фото: Гет имиџис

Обични црни чевли

За разлика од неговите претходници, на Франциско не му е толку важен надворешниот изглед како папа. На пример, тој се откажа од познатите црвени чевли, кои неговиот претходник Бенедикт Шеснаесетти радо ги носеше заедно со официјалната папска облека.

Понизност

За само три години на функцијата, папата Франциско веќе се профилираше со зголемен политички ангажман во однос на своите претходници. Оваа година, за време на Велигден, тој им ги изми и им ги бакна нозете меѓу другите и на бегалци. На манифестацијата на помирување, тој покани и тројца муслимани, кои порано произведувале opyжје за тepopистите.

Интеррелигиозност

Во 2014. година Франциско го посети Блискиот Исток, за да ја зајакне соработката со муслиманските духовници и да изврши мобилизација против пpoгонот на христијаните и другите верски малцинства во регионот.

Во Турција тој му оддаде почит на основачот на денешна Турција, Мустафа Кемал Ататурк во мавзолејот.

Отворање на црквата

Со реформски предлози и помирливи ставови во врска со xомoceксyaлнocта, цeлибатот и ограничувањата во вршењето на свештеничката функција, Франциско иницира модернизација во црквата, често критикувана како несовремена и реакционерна.

Екумена

Папата покани претставници на различни религии на мировен конгрес. Целта беше да се зајакне и заедничката соработка меѓу духовните водачи во борбата против тероризмот и верскиот фанатизам.

Извор: The Moscow Times, DW, Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button